Кои се лошите страни ако си вработен во Гугл?

Работа во Гугл… Аааа… тоа е работата од соништата, нели?! Работниот простор изгледа одлично, местата за уживање уште подобро, па што би можело да не чини во толку голема ИТ компанија како што е Гугл?

Повеќе поранешни и актуелно вработени во компанијата ги отворија картите на маса и ова се нивните најголеми забелешки.

Кои се лошите страни ако си вработен во Гугл?

1. Сите во Гугл се толку генијални, што дури и за најобичните позиции треба да си еден од најдобрите

За многумина вработени во Гугл, најголем проблем е нивната преквалификуваност. Гугл има високи критериуми кои треба да се задоволат, пред сè заради брендот, а потоа и заради платата, привилегиите, како и позитивната работна околина. Како резултат на тоа, тие мора да ги вработуваат најбистрите луѓе дури и за најдолните позиции.

„Има студенти од најдобрите 10 факултети кои даваат техничка поддршка за услугата Гугл едс, рачно отстрануваат несоодветни видеа од Јутјуб или пишуваат основен код за да ја тестираат бојата на некое копче на одреден сајт.“

2. Тешко е да се напредува

Гугл не е стартап компанија, па и околината во која луѓето работат не ги нуди истите услови како кога би биле дел од нешто што сега расте и се развива на пазарот. Ако имаш среќа да работиш на вистинските проекти на вистинскиот начин, можеш да добиеш шанса за унапредување, но во секој друг случај, би било тешко да дојдеш до израз.

3. Многу од инженерите се арогантни

За разлика од верувањето, многумина инженери во Гугл се просечни, со голем степен на ароганција. Доминираат машките профили и секој од нив мисли дека е подобар од останатите. Затоа, не можеш да дискутираш за некој проблем со колега, освен ако тој не ти е и пријател. Објективните дискусии се вистинска реткост, бидејќи сите се територијални и не се заинтересирани за мислењето на останатите, освен ако не се работи за некој од главните фаци.

4. Компанијата е толку голема што не можеш да влијаеш на неа

Чувството дека си направил нешто значајно за компанијата е вистинска реткост бидејќи само најталентираните инженери се занимаваат со создавање на нови продукти и услуги. Гугл е голема машина за „печатење пари“, но ако не си исклучително брилијантен, голема е веројатноста дека ќе работиш обична работа која се состои во нејзино подмачкување и затегнување на шрафчињата.

5. Менаџментот од средно ниво е многу ограничен

Се работи за типови луѓе кои се фокусираат само на метрики и кои сосема ги занемаруваат сите останати фактори за успех во работата. Тие не сакаат да ризикуваат, не знаат како да ги инспирираат оние околу себе и премногу се потпираат на нивното име и репутација кое им е обезбедено со самото тоа што се вработени во Гугл.

6. Гугл се разбира во програмирање, но не и во дизајн

Гугл не се фокусира доволно на самиот продукт и на визуелниот впечаток. Ова има доведено до многу прекинати и недоволно успешни сервиси како Wave, Google Video, Buzz, Dodgeball, Orkut и други.

7. Канцеларискиот простор е премногу мал

Ако имаш среќа да работиш во некоја од четирите згради на главниот кампус, веројатно ќе се чувствуваш многу збиено. Не е невообичаено да се видат 3-4 вработени како делат една „коцка“ или неколку менаџери во иста канцеларија. И со сите тие отворени места за храна, играње, ТВ, технолошки презентации и слично, изненадувачки, но навистина е тешко да најдеш тивко место каде што би можел да размислуваш.

8. Сè мора да имаш на писмено

Ако тргнеш да преговараш за вработување во Гугл, подобро погрижи се да добиеш сè на писмено бидејќи компанијата дава многу празни ветувања кои не секогаш успева да ги исполни.

9. Вработените знаат да претеруваат

Во Цирих има тивка соба во која луѓето одат да се релаксираат или да дремнат. Овде има многу убави риби во кои можеш бесконечно долго да гледаш. Но, дел од вработените имаат испратено повеќе од 100 имејла за отстранување на столиците за масажа од просторијата, бидејќи тие биле премногу бучни и од нив тие не можеле да спијат.

10. Луѓето се однесуваат незрело

Културата во Гугл е чудна. Како луѓето никогаш да не пораснале. Пијат пијалаци во секое време, нонстоп се социјализираат меѓусебно и всушност многу малку работат.

11. Вработените не ги почитуваат оние на привремено време

Само оние кои вистински работат за Гугл се важни. Тоа им дава право да бидат вообразени и да се однесуваат со сите кои се привремено таму како да се ментално и морално помалку важни од нив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар