Кои бои ќе ја обојат оваа зима?

Боите за оваа зима изгледаат одлично на секој тен и истите можат да бидат дел од вашата облека или шминка. Погледнете кои нијанси ќе направат да изгледате стилски, софистицирано и зимски оваа сезона.

(0) Кои бои ќе ја обојат оваа зима?

Темноцрвена

Можеби ниту една друга боја не потсетува на зима како темноцрвената. Облека или шминка во оваа боја е вистински хит за претстојната зимска сезона. Одберете некое парче облека во темноцрвено и искомбинирајте го со нешто бело или црно. Ќе изгледате навистина фенси. Темноцрвените чевли се уште еден тренд за кој може да се одлучите.

(1) Кои бои ќе ја обојат оваа зима?

Смарагдна

Оваа боја најмногу доаѓа до израз кога носите смарагден фустан, блуза или марама. Одговара на секој тен и лесно може да се комбинира со други бои. Смарагдна чанта е исто така одличен избор.

(2) Кои бои ќе ја обојат оваа зима?

Бела

Белата боја покрај тоа што асоцира на зима, делува софистицирано и секси истовремено. Можете да одберете панталони, шал, рачен часовник или чанта во оваа боја. Ќе имате одличен моден додаток и истовремено ќе изгледате сосема зимски.

(3) Кои бои ќе ја обојат оваа зима?

Златна

Златните обетки, марама или штикли ќе бидат одличен детаљ за која било зимска модна комбинација и ќе направат да се чувствувате гламурозно во студените денови.

(4) Кои бои ќе ја обојат оваа зима?

Сребрена

Уште една одлична боја за оваа зима. Можете да се одлучите за сребрена марама, блуза или сенка за очи. Исто како со златната, внимавајте да не претерате. Нека оваа боја биде присутна само во форма на моден детаљ, што ќе ви даде нежен, а сепак егзотичен изглед.

(5) Кои бои ќе ја обојат оваа зима?

Жолто-кафена

Оваа зима набавете си жолто-кафени спортски панталони, џемпер, чевли, чанта, па дури и шапка. Комбинирајте ги со црна боја, што ќе ви даде класичен изглед, одличен за денско излегување.

(6) Кои бои ќе ја обојат оваа зима?

Темновиолетова

Боја која изгледа магично и која дава посебен изглед на секоја комбинација. Темновиолетовите палта, марами, кошули, џемпери се вистински хит оваа сезона, заедно со темновиолетовиот кармин и сенка за очи. Суптилна, а сепак моќна нијанса, неизбежна за претстојната зима.

(7) Кои бои ќе ја обојат оваа зима?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар