Кога треба да се однесувате со партнерот како да ви е пријателка?

Многу паметни и независни девојки кои бараат љубов се соочуваат со следнава дилема: Од една страна имаат силна желба да му се допаднат некому и конечно да го најдат вистинскиот партнер, но од друга страна не сакаат да толерираат секакво однесување само колку да не бидат сами. Поради тоа, многу често тие не знаат како да реагираат кога мажот со кој се гледаат ќе направи нешто што ќе ги извади од кожа. Не знаат дали нивните очекувања се реалистични и што треба да прогледаат низ прсти. Девојките се подготвени да преминат преку секакви лудости и видови непочитување за да се допаднат некому, но истовремено премногу брзо донесуваат заклучоци и бегаат веднаш штом се појави некој знак на предупредување.

Кога треба да се однесувате со партнерот како да ви е пријателка?

Замислете си ја следнава ситуација: Сте почнале да се гледате со некого и тој ви се јавува само после 10 часот навечер. Вие сметате дека тоа е некултурно, бидејќи треба да станете рано наутро и го нарушува квалитетот на вашиот сон. Меѓутоа, не знаете како да постапите бидејќи не сакате веднаш да го избркате. Во ваков случај, поставете си го следново прашање: Како би постапиле кога вашата пријателка би ви се јавувала во незгодно време? Сигурно веднаш би разговарале со неа и би ѝ дале до знаење дека тоа ви пречи.

Ситуацијата е многу јасна кога се работи за пријателка, нели? Па, зошто не би реагирале на ист начин кога станува збор за мажот со кого се гледате? Не би требало да се плашите дека ќе звучите неразумно, бидејќи вашето барање е сосема на место. Неговото однесување влијае негативно на вашиот начин на живот. Нормално дека би требало да кажете нешто.

Кога почнуваме да излегуваме со нова личност имаме навика да се фокусираме на нејзините потреби и желби, наместо на нашите. Дали сме оставиле добар впечаток? Дали го кажавме она што треба? Каква ќе биде неговата реакција?

Во животот секогаш треба да поставувате граници. Треба да очекувате од другите луѓе да ги почитуваат тие граници без оглед на вашиот однос. Не постои причина зошто би требало да направите исклучок само затоа што тој е машко и се плашите дека ќе го избркате.

Кога треба да се однесувате со партнерот како да ви е пријателка?

Па, како би требало да постапите? Ако го послушате оној внатрешен глас кој ви вели дека треба да си најдете партнер, веројатно ќе го прифатите таквото однесување. Но, ако го послушате другиот внатрешен глас кој ви вели да не се однесувате очајно, веројатноста е дека ќе го откачите потенцијалниот партнер.

Сепак, постои и трета опција. Треба да најдете златна средина и да го направите она што би го направиле кога би се работело за ваша пријателка: Да му кажете дека неговото однесување ви пречи. Можете да го формулирате тоа на следниов начин: „Навистина би сакала подобро да се запознаеме, но секој ден морам да станувам многу рано, така што не можам да разговарам на телефон после 21 часот. Ако сакаш да разговараме, те молам побарај ме порано. Се надевам дека ме разбираш и дека ова ќе ти одговара и на тебе“. Звучи директно, но учтиво и разумно, нели?

Без разлика дали признаваме или не, сите сакаме да се допаднеме некому. Но, мора да ви биде јасно дека треба да сакате да им се допаднете на вистинските момци за вас, а не на кого било. Однесувајте се со потенцијалните партнери на ист начин како што би се однесувале со вашите пријателки. Тој не би требало да помине полесно само затоа што е згоден и навистина сакате да започнете врска со него. Тоа не значи дека треба да критикувате или да поставувате премногу барања. Едноставно кажете го вашиот проблем и дозволете му да одлучи како ќе постапи.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар