Кога совршениот партнер се претвора во вистински кретен: Како да се справите со оваа промена?

Кога совршениот партнер се претвора во вистински кретен: Како да се справите со оваа промена?

Неговото однесување со недели било неподносливо и токму тогаш кога сте решиле да ја прекинете врската, тој повторно станал неодолив. Флертува со вас, ви дава комплименти и повторно ве потсетува на причината зошто толку ви се допаднал на почетокот. Не можете да го оставите, бидејќи секогаш кога ќе решите да кренете раце од врската, тој се менува.

Кога совршениот партнер се претвора во вистински кретен: Како да се справите со оваа промена?

Не знаете како да се однесувате со него, поради тоа што ви се чини дека има два сосема различни карактери. Кога ќе му напишете порака, или ќе ви врати за две секунди со сладок одговор или целосно ќе ве игнорира. Или ќе ве потсети зошто треба да се борите за него или ќе ви даде до знаење дека само си го губите времето со него.

Освен тоа, никогаш не дава сѐ од себе за врската. Нема да го преврти целиот свет за да ве направи среќни, но ќе се потруди доволно за да ве задржи. Ќе ви земе кафе доколку сака да си земе кафе и за себе. Споделува лични работи од неговото детство, но само затоа што вие сте ја споменале темата. Не се труди активно да стане дел од вашиот живот. Но, прави доволно за да си помислите дека се грижи за вас.

Вие сте личност која му придава значење на бакнежот, сексот, па дури и на оние незабележливи погледи што си ги разменувате во просторија полна со луѓе. Но, не знаете дали и нему му значат тие „важни“ моменти. Никогаш не ви кажува што мисли, а кога ви кажува, не знаете дали ве лаже само за да го добие она што го сака. Ако размислите подобро, вие него воопшто и не го познавате.

Кога совршениот партнер се претвора во вистински кретен: Како да се справите со оваа промена?

Неговото расположение постојано се менува. Кога се однесува како што треба, се чувствувате како најсреќната девојка на светот. Ништо не може да ја избрише вашата насмевка од лицето, па дури ниту караницата со вашите родители или лошиот ден на работа. Но, кога се однесува лошо со вас, почнувате да се сомневате во себе. Дали сте му доволно привлечни? Дали сте му здодевни? Предвидливи? Вашето расположение целосно зависи од неговото однесување.

Никогаш не знаете на што сте. Не знаете дали сака да биде со вас или не. Постојано ви праќа измешани сигнали. Многу добро знаете дека измешани сигнали праќаат само оние момци кои не се вистински заинтересирани, но кога е во „добрите“ навистина делува како да сака да биде со вас. Ви се чини дека би успеале како пар. И токму затоа не знаете што да направите.

Во вакви ситуации најдобро е отворено да разговарате. Прашајте го дали навистина сака да биде со вас и дајте му до знаење дека нема да прифатите ништо помалку од вистината. Доколку тој не ви одговори веднаш, почне да размислува и почувствувате сомнеж во неговиот глас, одговорот е јасен. Но, ако како „од пушка“ ви одговори дека сака да биде со вас, не го земајте тоа здраво за готово и кажете му дека нема повеќе да го поднесувате неговото променливо однесување. И не отстапувајте од тоа. Заслужувате некој кој ќе ве сака постојано, а не само кога нему ќе му одговара.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар