Кога намалувањето на вишокот килограми станува потешко?

Можеби сте забележале дека веќе не сте способни да изедете цела пица, а потоа да ја „истрошите“ со само една прошетка. Добро е да знаете дека не сте единствените. Мускулната маса и силата почнуваат да се намалуваат кога личноста ќе наполни 30 години. Ова се случува и кај мажите и кај жените.

Senior Woman Running On Beautiful Beach

Метаболизмот не е брз како порано поради ова намалување на мускулната маса. Исто така и енергијата која е потребна за извршување на најосновни работи се намалува за 10% до 50-тата година, и 20-25% до 70-тата година. Оваа промена е потешка за жените поради хормоналните промени кои настануваат со менопаузата. Исто така влијание има и фактот дека со текот на годините луѓето сè помалку вежбаат.

Без разлика колку вежбате, на мажите им е полесно

Мажите природно имаат повеќе мускулна маса од жените, па нивниот метаболизам е поактивен. Поради ова ним им е многу полесно да го намалат вишокот килограми. Бидејќи мускулната маса се губи со текот на годините, важно е да се прават вежби со кревање тегови.

Но сепак има надеж

Најдобриот начин да го забрзате вашиот метаболизам е да ја зголемите мускулната маса. Тоа е како да поставите печка во вашето тело која ќе продолжи да грее дури и откако ќе завршите со вежбање.

Покрај редовното вежбање кое треба да вклучува вежби за зацврстување на мускулите, 2 или повеќе денови неделно, важно е да ги избегнувате диетите. Кога слабеете со диета, вие губите и масно ткиво и мускулна маса. Кога ќе прекинете со диетата и ќе ги вратите килограмите, вратените килограми се најмногу во форма на масно ткиво.

Значи, кога ќе наполните 30 години, сѐ што треба да направите е повеќе да се движите, а помалку да јадете.

Погледнете ја и оваа гимнастиката за постари луѓе која за брзо време го подмладува и го зајакнува телото.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар