Кога ќе станеш мајка, стануваш супержена: 37 работи кои овие дами ги извршуваат со една рака!

Кога чекате бебе сите ви велат дека наскоро ќе бидете преплавени со љубов кон вашето дете. Но, никој не ви кажува дека ќе ја изгубите способноста да ја користите едната рака. А тоа е вистина. Кога имате мало дете, сите обврски ги извршувате со една рака! Кога бебето ќе се роди, сте му го препишале правото на една рака на вашето дете. Негова е. Спие на неа, а сите знаеме колку долго спијат бебињата. А тогаш малку ќе порасне, па потешко е да го држите. Немирно е и постојано се обидувате да го спречите да направи некоја штета. Еве ја листата на работи кои поради мајчинството ќе морате да започнете да ги правите со една рака.

1-koga-kje-stanesh-majka-stanuvash-superzhena-ovie-37-raboti-damite-gi-izvrshuvaat-so-edna-raka-www.kafepazua.mk_

1. Возење. Ако сте мислеле дека единственото нешто за кое треба да се грижите во текот на возењето е безбедноста на патниците, тогаш сте заборавиле на обврските на мајките-возачи под кои спаѓаат: подигање на цуцлата од подот, спасување на течноста од шишенцето која истекува, пронаоѓање на изгубените играчки, отворање на пакетчето смоки, пуштање и паузирање на филмовите, прекинување на тепачката, пиење кафе за да не заспиете.

2. Јадење. Скоро да е забрането да јадете без бебето во едната рака. Додека се мали, сè уште можете да јадете на мира барем со таа една рака. Но, кога бебето ќе наполни една година, вашето јадење ќе се сведе на ставање што е можно поголема количина храна во устата пред вашето дете да ви скокне во прегратка.

3. Јадење супа. Личи на обичното јадење со една рака, но е потешко. Само еднаш ќе се обидете.

4. Топлење на шишенцето.

5. Пиење чај, вода, вино, кафе, што било. Исто така, сето тоа функционира кога детето е мало. Штом прооди, ќе имате впечаток дека чувате ѓавол на кого единствената цел му е да истури што е можно повеќе течности.

6. Одење во тоалет. Секако дека ќе се снајдете со една рака, но зарем не би било прекасно да можете да ја затворите вратата зад себе, да бидете сами и никој да не ви зборува, да не ви ја зема тоалетната хартија, туку наместо тоа, за промена, да можете со двете ваши раце да чепкате по вашиот телефон?

7. Чистење на тоалетот.

8. Отстранување на дршката од јаболкото… со завртување.

9. Отворање капачиња од тегли.

10. Менување пелени. Мајките кои имаат доволно мали деца, знаат за што станува збор.

11. Хранење на кучето.

12. Облекување чорапи и обувки. Потешко е отколку што мислите.

13. Вадење жешка храна од рерната.

14. Мачкање путер на лепче. Лепчето постојано се витка и никако не успевате да смислите начин да го „скротите“.

15. Лупење портокал.

16. Отворање тетрапак млеко. Секој ден. Отворањето на тоа капаче бара талент, но вие ќе го развиете.

17. Ставање батерии во уредите.

18. Поправање на играчките.

2-koga-kje-stanesh-majka-stanuvash-superzhena-ovie-37-raboti-damite-gi-izvrshuvaat-so-edna-raka-www.kafepazua.mk_

19. Менување на постелнината. Подобро откажете се веднаш!

20. Лупење моркови.

21. Брзинско чистење на домот пред да пристигнат гостите.

22. Пишување. Дури сега ќе сфатите колку е важно да ја придржувате хартијата.

23. Шминкање. Кога е бебето мало, немате проблем. Ќе се нашминкате додека тоа спие. Или додека го доите. Бара малку балансирање, но сепак е изводливо. Кога детето ќе прооди, спиењето се проретчува, а вие некогаш ќе мора ненадејно да излезете. Ќе биде густо!

24. Чистење со правосмукалка, бришење на подот.

25. Сечкање зеленчук. И тоа, по можност, без сечкање на детските прсти.

26. Сечкање кромид. Слично е како сечкањето зеленчук, само со многу солзи.

27. Шопинг. Едноставно спречени сте да купите што било.

28. Купување намирници. Личи на шопинг, но со ужини.

29. Перење облека. Не делува толку тешко додека не пробате. Постојаното наведнување заради вадењето на облеката од машината за алишта, заедно со дете од 15 килограми во рака е како вежба во теретана. За диплењето воопшто да не зборуваме.

30. Миење раце.

31. Болест. Не се разболувајте додека вашите деца се мали. На никого не му е грижа. И понатаму ќе мора да работите сè, чувствувајќи се како еднорако зомби.

32. Лакирање нокти.

33. Подготовка на живо пиле.

34. Читање приказни. Да, читањето на бара раце, но вртењето на страниците бара.

35. Одмотување бонбони.

36. Празнење на машината за садови. Повторно имате избор – да се наведнувате заедно со детето од 15 килограми во раце или да му дозволите да ви „помогне“. Ова второто е како трка – кој прв ќе ги дофати ножевите и кршливите садови.

37. Правење фризура. Повторно – едноставно откажете се.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар