Кога ќе останете без струја…

Со дождовите и грмотевиците, сведоци сме дека домаќинствата често, по цели вечери остануваат без електрична енергија. Ретко сме подготвени за овие ситуации, па се нервираме и се прашуваме како сега без интернет, телевизија… Но, речиси сите имаме по дома батериски ламби, свеќи, а во некоја од фиоките ни се и старите подзаборавени игри. Имајќи го сето ова предвид, ви сугерираме неколку работи за следниот пат кога ќе останете без струја, а за кои ви се потребни:

  • Батериски ламби
  • Свеќи
  • Кондоми
  • Книги
  • Пенкало, молив, хартија
  • Топла вода
  • Алкохол и грицки
  • Шпил карти, табла, монопол…
  • … И секако вашите електронски гаџети.

Кога ќе останете без струја...

1. Една од опциите е да ги повикате пријателите или соседите и на светлината што ќе ја обезбедите од батериските ламби или свеќите, да изиграте по некоја партија бриџ, монопол, табла… (во зависност од она со што во моментот располагате)

2. Ако батеријата на вашиот лаптоп е полна и веќе сте симнале или изнајмиле некое филмче, вистинско време е да го погледнете.

3. Темницата можете да ја искористите и за да раскажувате страшни приказни или едноставно да уживате во долги разговори и евоцирање спомени со семејството или пријателите.

4. Ваквата атмосфера е добра и за опуштање со добра чашка алкохол. Слободно опијте се, и онака не морате да одите никаде.

5. И сексот е опција. Ако останете сами со партнерот, искористете ја приликата, запалете свеќи и уживајте еден во друг.

6. Ако имате обезбедено доволно алтернативна светлина, прочитајте и некоја страница од книгата која веќе сте ја започнале или пак, започнете нова.

7. Романтичарите можат да излезат на прошетка, независно дали надвор врне дожд (без грмотевици) или не. Во првиот случај, во глувото доба ќе можете да уживате во звукот на капките, а во вториот, во ѕвезденото небо. Понесете го и фотоапаратот и креирајте нови спомени. Можете да направите и некое крукче со автомобилот, под услов да бидете исклучително внимателни, бидејќи сообраќајната сигнализација во вакви услови може да не функционира во целост.

8. Ако сте во можност, направете си топла купка и опуштете се под слабата светлина на свеќите, кои добро би било кога би биле миризливи. Искористете ги вашиот телефон, ајпод или лаптоп. Доколку им се полни батериите, пуштете си малку релаксирачка музика.

9. Можеби тишината ќе ја разбуди и креативноста во вас, па ќе напишете или насликате нешто. Не мора да пишувате роман, но можете да се обидете да направите план и да го организирате месецот или барем претстојната недела. Ако имате уметнички склоности, не штедете ја хартијата.

10. Ако не ви се прави ништо од ова, ве советуваме да си легнете и убаво да се изнаспиете. :)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар