Кога градите би прозбореле: 8 работи што вашите „најдобри пријателки“ би сакале да ги знаете

Градите се прилично јасни и едноставни при испраќањето пораки. Тие ве известуваат кога новата менструација е на пат. Ви сигнализираат кога е студено, а секако ја извршуваат својата улога кога треба да привлечете партнер. Но, колку и да сте блиски со своите „драги девојки“, веројатно постојат неколку работи кои не ги знаете за нив. И токму заради тоа сега им даваме збор, па еве што тие сакаат да ви кажат.

1-koga-gradite-bi-prozborele-8-raboti-koi-vashite-najdobri-drugari-bi-sakale-da-gi-znaete-www.kafepauza.mk_

1. „Ние ја менуваме големината“

Промената и текот на хормоните за време на циклусот предизвикува раст на жлездите во градите за да се подготват за можната бременост. Тоа може да доведе до отекување и чувствителност. Всушност, естрогенот е причината поради која земањето контрацепциони таблети понекогаш може да резултира со раст на градите како „(не)сакано дејство“. Оралните контрацептиви со поголема доза естроген може да предизвика задржување на течноста во градите и да стимулира раст на клетките во нив.

Контрацепциите не се единствени лекови кои го имаат тој ефект. И некои антисептици (кои често им се препишуваат на личностите со биполарно нарушување), како и некои други лекови кои го подигнуваат нивото на хормонот пролактин, може да предизвика чувствителност и раст на градите, па дури и произведување млеко. Ако ви се случува нешто и се чувствувате непријатно, посоветувајте се со вашиот доктор за лекови кои го намалуваат нивото на пролактин. Хормонската спирала, исто така, може да има неколку споредни дејства, бидејќи содржи прогестерон како активна состојка.

Кога зборуваме за големината, големото не е секогаш и подобро. До пред некое време жените во 40-тите најмногу барале операција за намалување на градите, но во последниве неколку години бројот на тинејџерки и девојки во дваесеттите кои сакаат помали гради се дуплирал. Тие не сакаат да се откажат од танцувањето, спортот или пак да имаат болки во грбот и вратот. Исо така, не сакаат да трошат пари на посебно изработени и скапи градници.

2. „Ние не сме идентични иако сме пар“

Без разлика колкава е нивната големина, дури две третини од жените немаат идентичен пар гради. Многу од нив имаат поголема лева дојка. А, доколку вашите симетрични гради одеднаш станат различни отидете кај вашиот доктор, бидејќи може да станува збор за некоја инфекција или нешто посериозно.

3. „Ние не сме темпирани бомби“

Да, ракот на дојка е премногу често заболување. 1 од 8 жени во текот на својот живот заболува од рак на дојката, но тоа не е причина за паника. Многу жени се претерано загрижени за оваа болест, дури и оние помладите од 35 години. Но, мамографијата не е препорачлива за жените без зголемен ризик пред 40 години. Докторот може да даде поразлични препораки на жените кои имаат предиспозиција заради семејната историја на болести.

4. „Сакаме да нè допирате“

Корисно е жените да знаат како нивните гради изгледаат и каква структура имаат. Заради тоа, добро е еднаш месечно темелно да ги допирате вашите гради. Со оглед на тоа дека градите се менуваат во текот на циклусот, добро е да го правите тоа секој месец во исто време. На тој начин лесно ќе воочите ако дојде до промени.

Обрнете внимание на јазлите, израстоците или здебелувањата. Внимавајте и доколку воочите некоја промена на кожата како што е промена во бојата или исцедок од дојките. Во сѐ што се сомневате, проверете го кај вашиот доктор, но немојте да паничите. Поголемиот дел од жените имаат бенигни израстоци и јазли во некој момент од животот.

2-koga-gradite-bi-prozborele-8-raboti-koi-vashite-najdobri-drugari-bi-sakale-da-gi-znaete-www.kafepauza.mk_

5. „Потребна ни е малку поголема поддршка“

Според истражувањата, помеѓу 64 и 85 проценти од жените купуваат погрешна големина на градник. Добриот градник го прекрива целото ткиво на градите и не дозволува некои делови да останата неподржани. За да пронајдете идеален градник, морате да дознаете каков облик е коренот на вашите гради, односно делот на градите кој се припива за градниот кош. Ако вашиот корен на гради е тесен, може да се случи поголемиот дел од градниците кои се продаваат во бутиците да не им одговара на вашите дојки. Тоа честопати води до неудобност, бидејќи жиците под корпите може да ве бодат и да ве повредуваат.

За да го откриете обликот на вашиот корен застанете пред огледало. Потребно е да обележите неколку точки на градите и да го измерите вашиот облик. Земете фломастер или маркер кој лесно се мие и обележете ги со точки крајната внатрешна точка, највисоката и најниската точка и крајната надворешна точка околу градите. Поврзете ги тие точки со линија. Ако линијата има облик на латинската буква „U“, тогаш имате тесен корен на дојка, а ако линијата повеќе личи на знакот за штиклирање, тогаш вашиот корен е широк.

6. „Чувствителни сме на сонце“

Носењето блузи со големо деколте ги изложува вашите гради на УВ зрачење, во кое било годишно време. Можете да го покажете вашето деколте, но треба да го заштитите од зрачењето со крема. Кожата на градите е почувствителна отколку на другите делови, бидејќи не е толку изложена на сонце како што се на пример рацете или лицето.

Се случува заради недостаток на нега и под влијание на сонцето кожата на градите да изгледа многу постара отколку кожата на лицето. Во текот на денот користете крема со заштитен фактор, а пред спиење мачкајте ги вашите гради со хидрантна крема.

7. „Сакаме да си играте со нас“

Третирајте ги вашите гради како дополнителен клиторис. Една од најсилните ерогени зони кај жените се градите. Некои среќни дами успеваат да доживеат оргазам и со самото играње со нив. Барајте од вашиот партнер да им посвети посебно внимание. Со стимулација на брадавиците се праќа сигнал во истиот дел од женскиот мозок како и кај стимулација на клиторисот, вагината и цервиксот. Причината може да се пронајде во еволуцијата, бидејќи истите рецептори се наоѓаат околу млечните жлезди и во мускулите на матката. Затоа нивната стимулација може да доведе до желба за размножување.

8. „И ние некогаш се воспалуваме“

Седењето во испотена спортска опрема и градници може да ја иритира кожата на градите. Овој предел на кожата содржи многу лојни жлезди и заради тоа е склон кон егзема и создавање акни. За да го сочувате убавиот изглед на деколтето, туширајте се веднаш после тренирањето користејќи средства како гел што содржи бензоил-пероксид на чувствителните делови. Потоа нанесете крема која спречува создавање акни. Ако имате некоја акна која со недели не исчезнува или осип околу брадавиците, проверете го тоа кај вашиот доктор.

За да го зачувате вашето здравје најдобро е да ги слушате пораките кои тоа ви ги испраќа, па затоа погледнете ги пораките што градите ви ги испраќаат за вашето здравје.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар