Клучно есенско парче облека што секоја девојка треба да го има во својот шкаф

Веќе неколку сезони наназад можеме да забележиме различни форми на „преголеми“ модни парчиња облека – кроеви што не ја пратат линијата на телото, туку ја кријат женската фигура и овозможуваат модерен и лежерен изглед. Модните дизајнер најчесто избираат џемпери, јакни и капути со овој дизајн, а во продолжение ќе се уверите и зошто.

(1) Клучно есенско парче облека што секоја девојка треба да го има во својот шкаф

Како што доаѓа есента, а со неа и ниските температурите, нашиот шкаф добива сосема нов изглед. Ако ја следите модата, тогаш треба да знаете дека оваа сезона главната ѕвезда меѓу модните парчиња ќе биде „преголемиот“ капут – удобна облека што истовремено ќе направи да изгледаме шик, но и да се чувствуваме топло.

(2) Клучно есенско парче облека што секоја девојка треба да го има во својот шкаф

Овој модел овозможува нова нота на лежерниот стил, која ќе предизвика истовремено да изгледате и моќно и отмено. Со сè поголемата популарност на лежерниот стил, дамските модели добија примена и во поедноставните комбинации, па затоа можете да ги комбинирате и со патики, качкети, дуксери, широки фармерки…

(3) Клучно есенско парче облека што секоја девојка треба да го има во својот шкаф

Секако, „преголемиот“ капут е одличен избор и за дамите што сакаат да останат верни на класичниот и софистициран имиџ. Овој модел совршено одговара со чизми што достигнуваат над колената – особено ако го префрлите преку рамената наместо да го облечете. Кога станува збор за бојата, неутралните нијанси се повторно актуелни, па нема да погрешите што и да изберете.

(4) Клучно есенско парче облека што секоја девојка треба да го има во својот шкаф


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар