Ќе ги изгубите луѓето кои останале во вашиот живот, ако продолжите да мислите на оние кои си заминале

Ќе ги изгубите луѓето кои останале во вашиот живот, ако продолжите да мислите на оние кои си заминале

Тешко е да се живее без човекот кој некогаш сочинувал голем дел од вашиот живот. Посакувате да беше тука до вас кога поминувате низ тешки периоди. Доживувате нешто убаво и ве боли тоа што не е тука за да го споделите искуството. Живеете во живот после друго човечко суштество.

Ќе ги изгубите луѓето кои останале во вашиот живот, ако продолжите да мислите на оние кои си заминале

Тешко е да се живее така и болката е голема, но не смеете да мислите на луѓето кои се заминале. Не смеете да продолжите да се надевате. На крајот од денот, ако некој сака да биде во вашиот живот, ќе биде. Луѓето кои сакаат да останат, ќе се потрудат и ќе бидат покрај вас. Ако не го сторат тоа, ставете ѝ крај на приказната.

Меѓутоа, не треба да ги мразите. Не треба да го помните нивното присуство во вашиот живот како нешто негативно. Не ги уништувајте во вашиот ум, не лутете се додека не почувствувате презир. Наместо тоа, сакајте ги без приврзаност. Сакајте ја лекцијата што сте ја научиле од нив. Посакувајте им сѐ најдобро, секогаш кога ќе помислите на нив. Нека ви недостасуваат, но не патете поради тоа што не можете да ги вратите назад.

Ако луѓето си заминале од вашиот живот затоа што не биле подготвени да ве ценат, сакаат и да бидат тука за вас, не посакувајте да се вратат и не барајте од нив да бидат повеќе од тоа што можат да бидат во моментот. Дозволете им сами да сфатат и созреат. Тие се на нивното сопствено патување од кое вие не сте дел. И тоа е сосема во ред. Мора да научите дека тука нема ништо лошо.

Наместо да се фокусирате на луѓето кои си заминале, фокусирајте се на луѓето кои решиле да останат во вашиот живот. Фокусирајте се на оние коишто се тука, кои ве ценат и почитуваат. Фокусирајте се на оние коишто ви ја возвраќаат љубовта, кои ви даваат сила, ви помагаат да растете и ви го прават животот поубав.

Опкружени сте со луѓе кои нема да се срамат од љубовта што ја давате. Опкружени сте со луѓе кои знаат што сакаат во животот и ќе ви го покажуваат тоа секој ден. Не земајте ги здраво за готово. Не губете го она што го имате, бркајќи го она што повеќе го немате.

Ќе пропуштите прекрасни нешта, доколку останете заглавени во болката што некој ви ја предизвикал. Не му дозволувајте на минатото да ве одвлече од она што може да ви го понуди сегашноста. Искористете го вашиот потенцијал. Отворете му се на светот и дозволете му да го исполни празниот простор со луѓе, моменти и искуства што ќе ве маѓепсаат, ќе ви го одземат здивот и ќе ви помогнат да се засакате себеси и вашиот живот.

Доколку се пронајдовте во текстов, прочитајте и зошто не ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар