Кинески биолошки часовник открива кој орган не ви работи добро

Древната кинеска медицина создала кинески биолошки, односно телесен часовник, кој може да ви помогне да дознаете во каква состојба е вашиот организам и кој орган не ви работи како што треба.

Кинески биолошки часовник открива кој орган не ви работи добро

Всушност, кинескиот биолошки часовник ги покажува интервалите во кои енергијата циркулира низ телото, како и најголемата енергија на одредено место на секои два часа. Ако со тој дел од организмот имате проблеми, во таа временска доба ќе ги почувствувате симптомите. Вкупно постојат 12 меридијани од кои секој припаѓа на некој поголем орган, како што се: Белите дробови, дебелото црево, желудникот, слезината, срцето, тенкото црево, мочниот меур, областа околу срцето, бубрезите, дванаесетпалечно црево, жолчката и црниот дроб.

Меридијаните делуваат на 24 часа и се поделени на 12 двочасовни интервали. Поради тоа, лекарите во Кина ги прашуваат своите пациенти во која доба од денот ги почувствувале симптомите. Врз основа на овие податоци, лекарот може да знае што ги предизвикува здравствените проблеми. Следете го вашиот биолошки часовник и запишете го времето кога ќе ги почувствувате симптомите. Исто така имајте го предвид времето кога имате најмногу енергија и дали и кое време се будите во текот на ноќта, затоа што ова исто така може да посочува на проблем во одреден дел од телото.

Кинески биолошки часовник открива кој орган не ви работи добро

Во текот на вашата максимална активност, одредени органи работат „под полна пареа.“ Доколку почувствувате болка во областа на некој орган во време кога тој би требало да работи максимум (на пример, болка во областа на црниот дроб во 2 часот наутро), тоа покажува дека можеби имате постојани проблеми со тој орган.

Време на максимална активност на органите:

  • 1-3 часот – црн дроб
  • 3-5 часот – бели дробови
  • 5-7 часот – дебело црево
  • 7-9 часот – желудник
  • 9-11 часот – слезина, панкреас
  • 11-13 часот – срце
  • 13-15 часот – тенко црево
  • 15-17 часот – мочен меур
  • 17-19 часот – бубрези
  • 19-21 часот – областа околу срцето
  • 21-23 часот – дванаесетпалечно црево
  • 23-1 часот – жолчка

Време на минимална активност, односно одморање на органите:

  • 1-3 часот – тенко црево
  • 3-5 часот – мочен меур
  • 5-7 часот – бубрези
  • 7-9 часот – областа околу срцето
  • 9-11 часот – дванаесетопалачно црево
  • 11-13 часот – жолчка
  • 13-15 часот – црн дроб
  • 15-17 часот – бели дробови
  • 17-19 часот – дебело црево
  • 19-21 часот – желудник
  • 21-23 часот – слезина, панкреас
  • 23-1 часот – срце

Кинески биолошки часовник открива кој орган не ви работи добро

Кинескиот часовник дава и совети што да правите и како да реагирате во одредено време во денот:

1. Помеѓу 11 и 13 часот најдобро е да ручате и да се дружите. Уживајте во разговорот со луѓето, поврзете се со нив, соработувајте и понудете им помош. Ручекот нека ви биде балансиран и не премногу обилен.

2. Помеѓу 13 и 15 часот најефикасно ќе ги решите проблемите и ќе се организирате.

3. Периодот помеѓу 15 и 17 часот е најдобро време за учење, ефикасно работење и пиење течности. Најважно е да пиете повеќе вода поради детоксикација.

4. Вечерајте помеѓу 17 и 19 часот и обновете ја вашата енергија. Ова е доба од денот кога максимално работат бубрезите.

5. Периодот од 19 до 21 часот е време на максимална активност на перикардот, обвивката околу срцето што ја контролира циркулацијата на крвта, мозокот и репродуктивните органи. Затоа ова е најдобро време за дружење, флертување, секс, па и за забременување.

6. Помеѓу 21 и 23 часот одморајте се, опуштете се и читајте. Избегнувајте да јадете во овие часови.

7. Помеѓу 23 и 1 часот најдобро е да отидете на спиење. Доколку имате камења во жолчката, во овој период може да почувствувате болка.

8. Помеѓу 1 и 3 часот црниот дроб работи максимално, па доколку се разбудите во ова време значи дека тој е преоптеретен со чистење на организмот. Затоа, избегнувајте ги нездравата исхрана, пушењето, алкохолот и другите штетни работи.

9. Помеѓу 3 и 5 часот треба да спиете длабоко. Доколку кашлате во овој период, значи дека белите дробови ги отфрлаат токсините.

10. Периодот помеѓу 5 и 7 часот е најдобро време за будење. Напијте се вода така што дебелото црево, кое е најактивно во овој период, би можело добро да работи. Можете да отидете и на кратка прошетка, а во овој дел од денот избегнувајте кофеин.

11. Појадувајте помеѓу 7 и 9 часот. Најдобар избор се овошјето, протеините, јаглехидратите со низок гликемиски индекс, здравите масти и витамини.

12. Помеѓу 9 и 11 часот бидете активни и работете. Ова е време на максимална активност на слезината, која е поврзана со менталната сила, го зајакнува метаболизмот и ги претвора хранливите материи во енергија.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар