Кејт Хадсон открива: Најдобрата вежба за совршено обликувани нозе

Иако Кејт Хадсон има 36 години, 2 деца и напорна работа, таа има прекрасно тело. Бидејќи е најмногу позната по своите неверојатно обликувани нозе, таа решила да сподели неколку фитнес тајни со јавноста со цел да им помогне на жените ширум светот да ја добијат посакуваната фигура.

Кејт Хадсон открива: Најдобрата вежба за совршено обликувани нозе

„Најчесто правам од 45 до 55 минути кардио вежби, а потоа уште еден час пилатес или јога. Оваа рутина ја повторувам 3 пати на ден“, вели таа.

Но, вежбите кои ги прави за нејзините нозе се само дел од тренингот на кој троши и до 6 часа дневно. Погледнете ја најдобрата вежба за совршено обликувани нозе, која е доволно да ја правите еднаш дневно со цел да го добиете посакуваниот резултат.

Ако имате пилатес топка, тогаш треба да почнете со следнава вежба за нозе. Легнете на грб и малку раширените нозе поставете ги со петите врз топката. Рацете поставете ги на подот, покрај вашето тело (дланките нека ви бидат насочени кон подот), па подигнете го задникот од земјата и стегнете ги мускулите во средниот дел од трупот. Потоа притискајте ја топката и вртете ги стапалата сè додека тие не се најдат исправени врз неа. Главата, рамената и грбот држете ги цврсто на подот. Полека враќајте ја топката наназад сè додека не стигнете во почетната позиција. Повторете од 12 до 15 пати.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар