Кажувајте им го ова на вашите деца и ќе посеете семе на среќни луѓе

Кажувајте им го ова на вашите деца и ќе посеете семе на среќни луѓе

Родителите, многу често, сакајќи да создадат квалитетни и паметни луѓе од своите деца, мислат дека кон нив треба да се поставуваат строго и да им даваат „наредби“. Но, детето од своите родители, пред сè, треба да добива мотивирачки и охрабрувачки однос, кој ќе ги поведе по вистинскиот пат. Детето мора да види дека вие навистина го забележувате неговиот труд, а не само неговите грешки и недостатоци. Не е доволно само понекогаш да го пофалите дека е добро, паметно дете. Доколку користите само 2, 3 израза премногу често, вашето дете тоа може да го сфати како автоматско повторување, без трошка искреност во нив.

(1) Кажувајте им го ова на вашите деца и ќе посеете семе на среќни луѓе

Покрај тоа, со вакви едноставни примери, вие не го поттикнувате доброто однесување, туку само ги повторувате вообичаените позитивни атрибути на детето. Треба да користите мотивациски реченици кои се насочени конкретно на она што го направило детето, а не на тоа кој го направил тоа. На тој начин ќе му овозможите на вашето дете повеќе да ги почитува трудот, подобрувањето, соработката со другите, истрајноста.

Поттикнувачките реченици можат да бидат многу едноставни како на пример: „Ти благодарам на помошта!“ или „Навистина си се потрудил/а!“, а можат да бидат и некои од следните:

  • Можеш да бидеш горд/а на себе!
  • Погледни како си се усовршил/а во тоа!
  • Тоа е резултат на твојот труд!
  • Навистина си се потрудил/а собата да ти биде уредна!
  • Се чини дека навистина уживаш кога го учиш тој предмет!
  • Ти благодарам што ми помогна да ја поставам масата, сега изгледа многу подобро.
  • Забележав дека беше многу трпелив/а кон брат ти. Ти благодарам.
  • Што мислиш ти за тоа?
  • Се исплатеше твојот труд!
  • Ова е тешка задача, но ќе успееш да ја решиш! Обиди се повторно.
  • Погледни колку далеку стигна!
  • Имам доверба во твојата одлука.
  • Сакам да бидам со тебе!
  • Добро се сети!
  • Гледам дека навистина ти значи тоа!
  • Ти благодарам за идејата која ми ја даде!
  • Тоа го правиш со толкава леснотија!
  • Гледам дека си потрошил/а многу време размислувајќи за…
  • Чувствувам дека сме вистински тим кога работиме вака заедно.

(2) Кажувајте им го ова на вашите деца и ќе посеете семе на среќни луѓе

Секако, ништо од ова нема да има смисла, ако тоа што го говорите не го мислите вистински. Зависно од возраста на детето и од неговите способности, овие мотивациски изрази лесно можат да се менуваат. Не пропуштајте да го забележите сјајот во неговите очи по добро завршената работа и вашата позитивна забелешка. На сите повремено ни треба поттик за да се чувствуваме подобро и повредно. Затоа, не штедете се во користењето на овие реченици за вашето дете, затоа што резултатите што ќе се изродат од таквата комуникација ќе ве направат неверојатно горди родители.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар