Кажете им збогум на сите луѓе што не ја возвраќаат вашата љубов

Збогувајте се со љубовниците што не ве љубеле, со оние во кои сте се заљубиле длабоко и на кои сте им дале сè, а за возврат не сте добиле ништо. Оние со кои сте биле во врска, сте се гледале и љубеле, но како од далечина. Оние што не сакале да се венчаат со вас, како и оние што не сакале да имаат деца со вас. Збогувајте се со оние сакани што едноставно секогаш ве ставале во втор план и ве држеле во близина само за кога ним им требало друштво.

kazhete-im-zbogum-na-site-lugje-shto-ne-ja-vozvrakjaat-vashata-ljubov-www.kafepauza.mk

Збогувајте се и со оние што можат да го живеат својот живот без вас – оние што направиле да се чувствувате како никогаш да не сте доволно добри за нив. Оние што ве суделе кога вие сте ги прифаќале токму онакви какви што сте и што никогаш не можеле да видат колку сте прекрасни. Збогувајте се со оние што прават да се чувствувате исплашено, разочарано и виновно во нивна близина, со оние што само ве искористуваат кога нешто ќе им биде потребно, а потоа ве исфрлаат од својот живот без никакво предупредување (додека не им притребате повторно).

Збогувајте се со семејството што не ја возвраќало вашата љубов, со оние што ве оставиле да бидете бездомници кога не сте имале каде да одите. Оние што биле себични, љубоморни, злобни и насилни. Оние во кои сте инвестирале години од вашиот живот, а тие само земале и земале сè додека не останало ништо од вас, а за возврат ви дале само нервози. Збогувајте се со оние за кои сте жртвувале дел од себе, а тие никогаш не ви кажале ниту едно единствено„благодарам“. Збогувајте се со оние со кои единствената поврзаност ви е крвта, а немате ништо друго заедничко. Оние што никогаш не верувале во вас, никогаш не ве поддржувале и никогаш не ве бранеле.

Збогувајте се со најдобрите пријатели што не ви ја возвратиле искрената љубов. Оние што не биле тука кога ви биле потребни, иако вие сте им биле достапни 24/7! Оние што не го славеле вашиот успех, остварувањето на вашите соништа, туку само завидливо гледале во вас и правеле да се чувствувате несигурни во своите чекори. Збогувајте се со оние што биле презафатени за да се видат со вас, оние што заборавиле да ви се јават…

Збогувајте се и со оние што ве земаат здраво за готово. Оние што ја предале вашата доверба. Оние што одбрале друга врска наместо врската со вас. Збогувајте се со оние што дозволиле далечината да ве раздели, со оние што не го ценеле вашето пријателство и со оние што бегале од вас кога сте минувале низ тешки денови.

И најважно од сè, збогувајте се со оние што прават да се чувствувате мртво однатре, а кажете им здраво на оние што прават да се чувствувате живот. Збогувајте се со оние што само земаат од вас, а кажете им здраво на оние што ви возвраќаат со секој чекор. Збогувајте се со оние што ве повредиле, а кажете им здраво на оние што ве излечиле. Животот е прекраток за да се опколите со луѓе што не ве сакаат, не ве ценат и не ве поттикнуваат да бидете најдобрата верзија од себе.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар