Кажете им збогум на килограмите: Храна која гарантирано го спречува прејадувањето

Кажете им збогум на килограмите: Храна која гарантирано го спречува прејадувањето

Добата од денот во која најчесто се прејадуваме е кога се враќаме дома од работа. За да го спречите неконтролираното консумирање храна, нутриционистката Линди Кохен нуди лесно изводливо решение кое помага при слабеењето и одржувањето на тежината под контрола.

2-kazhete-im-zbogum-na-kilogramite-zakuska-koja-garantirano-go-sprechuva-prejaduvanjeto-www.kafepauza.mk_

Линди Кохен од Сиднеј многу добро знае дека за витка и фит линија не е важна само здравата исхрана, туку и знаењето кога е најдобро да се јаде одреден вид храна. Па така, Линди советува дека околу попладне, односно за ручек најдобро е да се јадат здрави јаглехидрати како што е кафеавиот ориз кој е богат со манган, минерал кој му помага на телото во произведување енергија.

„Кафеавиот ориз е јаглехидрат кој бавно ‘гори’, односно содржи протеини и хранливи влакна кои ќе го спречат падот на енергијата и чувството на летаргија што обично се случуваат околу 15 часот. Совршен попладневен оброк ќе биде суши со кафеав ориз и зелена соја“, вели нутриционистот.

Околу 16 часот пак е идеално време за закуска која гарантирано го спречува прејадувањето – парче леб или тост од цели зрна со крем од авокадо.

„Луѓето најчесто се прејадуваат кога доаѓаат дома од работа, а лебот од цели зрна со крем од авокадо ќе спречи да се случи тоа. Оваа многу здрава закуска ќе ја задоволи потребата за јаглехидрати, ќе ве засити и ќе го намали вашиот апетит. Кога ќе дојдете дома нема да имате потреба да претерате со консумирањето храна. Лебот од цели зрна ќе ве наполни со енергија за неколку часа, а влакната и здравите маснотии од авокадото ќе ве држат сити до вечерата“, објаснува Линди која е голема застапничка на правилото дека човекот може да јаде сѐ, но умерено.

1-kazhete-im-zbogum-na-kilogramite-zakuska-koja-garantirano-go-sprechuva-prejaduvanjeto-www.kafepauza.mk_

Сепак, таа советува дека одредени намирници треба да ги избегнуваме во текот на денот.

„Доколку ве мачи киселина или имате проблеми со варењето, избегнувајте да вечерате нешто премногу кисело. Тоа вклучува јадења со домати, алкохол, кари и други силни зачини, односно јадења зачинети со премногу оцет“, советува Линди.

Доколку консумирате такви намирници и набрзо после јадењето си легнете, храната може да се врати во хранопроводот што може да предизвика непријатно чувство, па дури и да го зголеми ризикот од рак на хранопроводот.

За вечера најдобро е да изедете некоја овошка.

„Овошјето содржи влакна, антиоксиданси, а телото го надополнуваат со енергија која послабо се троши, заради што шеќерот во крвта рамномерно ќе се отпушти кога ќе заминете на спиење“, вели Линди Кохен.

Дознајте кои намирници не дебелеат им можете да ги јадете во огромни количини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар