Кампари Мимоза

Ова е пијалакот со кој ќе сакате да наздравите за доаѓањето на новата година. Италијанскиот ликер кампари ќе ве освои со неговиот горчлив вкус, а прекрасните меурчиња од деликатниот шампањ само ќе го надополнат изгледот на овој новогодишен пијалак.

Кампари Мимоза

За 12 чаши потребни се:
  • 3/4 шолји кампари
  • 3 шолји свежо цеден сок од портокал, претходно оладен
  • 750 мл добро оладен шампањ
  • за декорација: спирали од кора од портокал

Кампари Мимоза

Подготовка:

Секоја висока чаша наполнете ја со 1 голема лажица кампари и 1/4 шолја сок од портокал. Промешајте. Благо навалете ја чашата и наполнете ја со шампањ. Секоја чаша декорирајте ја со спирални кори од портокал. Служете веднаш.

Кампари МимозаКампари Мимоза

Забелешка: Со мало ноже излупете тенки долгнавести парчиња кора од портокал. Целата кора навртете ја на тенко дрвено стапче и оставете ја да постои во фрижидер еден час за да се стврдне. Потоа, ставете по една спирална кора во секоја чаша со кампари мимоза.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар