Какво беше пријателството помеѓу најдобрите другарки во 90-тите, а какво е денес?

Сигурно сте имале најдобра пријателка со која сте пораснале во 90-тите. Најверојатно се зборувале на фиксен телефон со часови, се ги озборувале вашите родители и сте ги усогласувале вашите модни комбинации. Кога ќе помислите на вашите најдобри пријателки во 90-тите, веднаш ќе забележите дека денес работите многу се сменети, иако вашите основни навики останале исти. Сѐ уште разговарате со часови на телефон и озборувате, само што сте пораснале и пиете вино наместо сок.

Какво беше пријателството помеѓу најдобрите другарки во 90-тите, а какво е денес?

Најдобрите пријателки се сестрите што никогаш не сме ги имале или можеби сме ги имале само што не сме се согласувале толку добро со нив. Не би биле она што сме без нашите најдобри пријателки и работите не би биле исти без разлика дали станува збор за 90-тите или за денешно време и покрај тоа што работите се смениле по малку…

Караниците

Какво беше пријателството помеѓу најдобрите другарки во 90-тите, а какво е денес?

Во 90-тите: Вашата најдобра пријателка ви ветила дека ќе се грижи за вашето дигитално милениче додека сте на одмор, дозволила да умре! Не сте можеле да ја гледате со исти очи по таквата грешка.

Денес: Возрасните луѓе не се караат повеќе. Наместо тоа, оставаат пасивно-агресивни коментари на Фејсбук и намерно не си ги лајкуваат фотографиите на Инстаграм.

Смирувањата

Какво беше пријателството помеѓу најдобрите другарки во 90-тите, а какво е денес?

Во 90-тите: Во овој период не постоеја смартфоните, па за да се смирите со вашата најдобра пријателка сте морале да ѝ пратите порака за време на часовите полна со убави зборови и цртежи.

Денес: Примирјето најчесто вклучува одење на кафе и објавување заедничко насмеано селфи со надеж дека ќе го оставите минатото зад вас и ќе се однесувате како ништо да не се случило.

Забавувањето во петок навечер

Какво беше пријателството помеѓу најдобрите другарки во 90-тите, а какво е денес?

Во 90-тите: Сте јаделе во маалската сендвичарница и сте се шетале во блиското паркче со надеж дека ќе си ги видите симпатиите.

Денес: Никој повеќе не излегува во петок навечер! Претпочитате да останете дома и да гледате филмови во придружба со шише (или 2) вино.

„Местењето“ симпатии

Какво беше пријателството помеѓу најдобрите другарки во 90-тите, а какво е денес?

Во 90-тите: Откако сте ѝ кажеле на вашата најдобра пријателка кое момче ви е симпатија, следувало парадирање по ходниците од вашето училиште и поминување покрај неговата училница безброј пати.

Денес: Вашата најдобра пријателка знае како да ви помогне да ја најдете љубовта на вашиот живот. Таа ќе помине 14 часа со вас барајќи го на Фејсбук иако немате никаква друга информација освен неговото име.

Идеалното друштво

Какво беше пријателството помеѓу најдобрите другарки во 90-тите, а какво е денес?

Во 90-тите: Единствената цел во животот ви била да најдете 3 или повеќе откачени девојчиња со кои ќе можете да се преправате дека сте Spice Girls.

Денес: Не ги сакате многу другите луѓе, така што вашата најдобра пријателка ви е сосема доволна.

Продолжете на следната страница за остатокот од текстот…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар