Какви се последиците од прекумерното консумирање јаткасти плодови?

Јаткастите плодови се многу здрави, но само ако ги консумирате во умерени количини. Во спротивно може да имате несакани последици. Плодовите како што се оревите, бадемите и индиските ореви се навистина важен дел од исхраната, меѓутоа не се препорачува да ја надминете препорачаната дневна доза од овие плодови, која изнесува 50 до 100 грама.

Какви се последиците од прекумерно консумирање јаткасти плодови?

Еве што може да се случи доколку претерате со консумирањето на овие плодови.

Дебелеење

Бројни научни студии покажале дека јаткастите плодови можат да помогнат при слабеењето. Но тоа се однесува на умереното консумирање, а во случај да се внесува повеќе од препорачаната дневна количина, може да дојде до спротивен ефект. Јаткастите плодови навистина се здрави, но истовремено и многу калорични, па внимавајте доколку не сакате да се здебелите.

Проблеми со варењето

Ако после консумирањето на јаткастите плодови се чувствувате подуено, не сте единствени. Подуеноста најчесто е последица на танинот, материја која го отежнува варењето на храната. За да го избегнете тоа, едноставно придржувајте се до препорачаната дневна доза од овие вкусни намирници.

Слабеење на ноктите и косата, воспаление на мускули, болки во зглобовите

Сите овие нешта се симптоми на труење од селен, до кое може да дојде како последица на консумирањето огромни количини јаткасти плодови. Иако оваа појава е многу ретка, сепак е уште една причина да го ограничите внесувањето на јаткастите плодови во прекумерни количини, поголеми од препорачаната дневна доза.


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар