Какви плик чанти најмногу прилегаат на вашиот стил?

Какви плик чанти најмногу прилегаат на вашиот стил?

Девојките ги сакаат плик чантите бидејќи буквално се вклопуваат во сечиј стил како и пригода. Од женствено и урбано до слатко или пак смело, пронајдете го вашиот стил и погледнете кои плик чанти најмногу ви прилегаат.

Какви плик чанти најмногу прилегаат на вашиот стил?

Едноставни, мали и еднобојни за минималистите

На девојките кои го преферираат едноставното совршено ќе им прилега мала и еднобојна чантичка. Ваквиот избор им прилега на девојките кои речиси никогаш не комбинираат повеќе од две-три бои во својот изглед и имаат минималистички поглед на животот. Без разлика колку модни трендови ќе се променат и што другите носат, тие ќе се држат до едноставното што е паметен потег бидејќи едноставното и женствено е секогаш ин.

Какви плик чанти најмногу прилегаат на вашиот стил?

Еве неколку идеи за девојките кои не преферираат ризици дури ни во модата и се држат до сигурното.

Големи плик чанти за урбаните девојки

Не само што се практични бидејќи со себе може да понесете повеќе работи, туку се и навистина кул. Совршени за урбаните девојки кои ја следат модата и одлично се вклопуваат во кежуал изглед, фармерки, широки блузи и џемпери. Може да одберете еднобојни или големи плик чанти во неколку бои.

Какви плик чанти најмногу прилегаат на вашиот стил?

Еве што би им се допаднало на кралиците на урбаниот стил.

Впечатливи бои, форми и принтови за оние кои не се плашат да бидат свои

Чантички во форми на був или книга на пример, се одлични за девојките кои обожуваат да го вклопат своите омилени предмети или животни во својата гардероба. Исто, ацтеки стилот или племенскиот стил совршено прилегаат на едноставна комбинација бидејќи ја разбиваат монотонијата. Во зависност од материјалот и дезенот, овие плик чанти може да се вклопат во секакви комбинации од секојдневен до свечен изглед.

Какви плик чанти најмногу прилегаат на вашиот стил?

Еве неколку идеи за неконтроверзните девојки кои не се плашат да остават свој белег во секоја модна комбинација.

Чанти со прстени за смелите девојки

Смели, но и практични овие чанти ви даваат две во едно: чанта плус прстени, па после речете дека оние кои ја следат модата не може да бидат економични. 🙂

Какви плик чанти најмногу прилегаат на вашиот стил?

За девојките кои обожаваат големи и впечатливи парчиња накит кои привлекуваат внимание во инаку едноставната комбинација.

Пастелни бои и училишен стил за слатките девојки

Иако завршила учебната година ќе одберат мали чантички во форма на училишен ранец. Пастелните бои се одлични за слатките и мирни девојки кои неретко ќе ги видите како носат маички со принтови од ликовите од детските цртани филмови.

Какви плик чанти најмногу прилегаат на вашиот стил?

Еве што им прилега на слатките и нежни девојки.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар