Каква е љубовта кога станува збор за вистинската личност?

Вистинската љубов не подразбира само постела од рози и бакнежи. Не подразбира романтична музика и вечера со свеќи. Вистинската љубов не е воопшто таква каква што ни ја претставува општеството, туку е многу подобра!

Каква е љубовта кога станува збор за вистинската личност?

Љубовните бајки не се вистински. Тие се само фантазија, приказни, соништа, холивудски илузии. Популарната верзија на љубовта не е реална. Кога ќе се вљубите во вистинската личност, љубовта нема да биде патетична. Нема да слушате музика кога ќе се бакнете за прв пат. Првото водење љубов нема да биде совршено.

Вистинската љубов не е бајка. Вистинската љубов е искачување планини. Преживување бури. Ќе има периоди кога ќе се разделувате, но повторно ќе го наоѓате патот до вашите срца и ќе се враќате еден кај друг. Вистинската љубов е постојана борба што ја тестира вашата сила. Таа пороен дожд што предизвикува поплави одново и одново. Таа е караниците кои ве тераат да се сомневате во себеси и во вашата врска. Вистинската љубов е потреба од простор и поминување време сами, одвоени еден од друг. Вистинската љубов е тешка, болна и комплицирана.

Кога ќе ја најдете вистинската личност за вас, ќе мора многу да работите на односот и постојано да правите компромиси. Не е важно колку си одговарате. Не е важно колку е силна вашата врска. Бидете сигурни дека ве очекува макотрпна битка.

Но, убавината на љубовта лежи во тоа што додека ја искачувате планината заедно и се обидувате да ги пребродите тешките периоди, патот секогаш ќе ви биде поплочен со многу смеа и насмевки. Ќе расцутуваат цвеќиња од поплавите што сте ги испливале. Ќе гледате во човекот кој останал до вас и покрај сите борби и неволји.

Вистинската љубов подразбира надминување на лошите ситуации и заедничко борење против чудовиштата и демоните. Кога ќе ја најдете вистинската личност, без разлика колку жестока била караницата или низ колку стресен период минувате, секогаш ќе се враќате назад кај саканите. Можеби ќе ви требаат денови или недели за да се соочите со нив. Можеби ќе ви требаат месеци за да можете повторно да се смеете со нив, но ако станува збор за вистинската личност, секогаш ќе наоѓате начин да соберете сила и да се вратите назад. Ќе знаете дека љубовта вреди за сите тие караници и бури.

Кога ќе се вљубите во вистинската личност, ќе созревате заедно и индивидуално. Ќе останете доследни на себе и нема да го изгубите вашиот идентитет. Ќе можете да ги пребродите мрачните ноќи и да се разбудите посилни со посилна љубов и врска помеѓу вашите срца.

Ниту една борба нема да ви биде премногу тешка, бидејќи ќе бидете подготвени да направите сѐ за одново да се вљубите еден во друг. И секогаш ќе успевате да победите заедно. Ќе знаете дека благодарение на тешките периоди, добрите ќе станат уште помоќни и поубави. Ќе знаете дека никогаш нема да посакате да се карате со друг човек до крајот на вашиот живот. Тоа е вистинска љубов.

Прочитајте како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар