Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

Секојдневието на кучињата се состои од играње, пешачење, трчање, спиење и јадење. Но, сакајќи постојано нешто да грицкаат помеѓу забите, и кучињата исто како и луѓето, можат да се здебелат од консумирање нездрава храна и да станат тромави и мрзливи. Доколку сакате да се погрижите вашето куче повторно да има добра линија, прочитајте како да му помогнете да ги стопи вишокот масти, со помош на здрава диета.

Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

Дали вашето куче е дебело?

Ако не сте сигурни дали е вашето куче полно или има таква природна конструкција, прво посоветувајте се со ветеринар, да видите што тој мисли. Ако и тој утврди прекумерна тежина, тогаш време е да преземете нешто. На кучињата кои имаат нормална телесна тежина, мешето не треба да им виси повеќе од градниот кош кога ќе го погледнете во профил. Исто така грбот не треба да му биде многу обемен.

Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

Измерете му ги килограмите на вага

Пред да го стартувате здравиот режим на живот на вашето куче, кренете го внимателно во раце и качете се на вага. Потоа едноставно, одземете ја вашата телесна тежина и ќе ја добиете неговата маса. Проверете која е идеалната тежина за расата на вашето куче, според табелата направена од американското здружение за спречување на здебелувањето на животните.

Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

Не му давајте да јаде од вашата храна

Првата работа која треба да ја направите за да ја ставите под контрола тежината на вашето куче, е да престанете да му давате храна за луѓе. Миленичето можеби на почетокот ќе биде вознемирено, ќе ви се лути, а можеби и ќе ве моли со тажниот поглед во очи, да му фрлите некое мевце под трпезата. Но, доколку сакате да му помогнете со проблемот со килограмите, тогаш не треба да му попуштате. Човечката храна многу лесно се таложи на кучињата. Можеби си мислите „ако јас ја јадам, зошто да не може и моето куче?“, но неговото тело не е исто како вашето и нему не му е потребна вашата храна, си има своја.

Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

Избегнувајте да му давате да грицка помеѓу оброци

Диетата за вашето куче не мора да биде многу строга. Откако ќе престанете да му давате од вашата храна, внимавајте да не му давате многу често да грицка меѓу оброците. Почекајте да видите дали ќе има некаква промена во неговите килограми. Вие ќе можете и понатаму да го почестите зашто на пример, дента многу послушно реагирало на вашите наредби, а притоа да не внесува непотребни калории. Дајте му здрави грицки како морков или целер. Не сте сигурни дали вашето куче ќе сака да јаде морков? Обидете се, можеби ќе се изненадите од неговата реакција.

Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

Ако и понатаму е доста полно вашето кутре, тогаш ќе мора да ја намалите количината на кучешка храна која му ја давате, но за ова е подобро прво да се посоветувате со неговиот ветеринар, за да не дозволите тоа да прегладнува.

Избегнувајте ја диеталната кучешка храна

Не користете диетална кучешка храна за поедноставно да го решите овој проблем. Основните хранливи состојки се отстранети од оваа храна, за да се намали нејзината калоричност. Проблемот се состои во тоа што, основните масти се неопходни за вашето мило животинче да има здрава кожа, убаво крзно и високо енергетско ниво. Ако сепак решите да му давате диетална храна, правете го тоа постепено, а не одеднаш. Првите денови мешајте му ја со регуларната храна која ја јаде.

Носете го секојдневно на прошетка во паркот

Терајте го вашето куче повеќе да вежба за да ја намали неговата тежина. Секако, тоа не значи дека треба да го носите вашето куче на едночасовна прошетка, доколку тоа досега било навикнато на 15 минути движење на ден. Исто како и кај луѓето, и на вашето куче му е потребно прво да стекне малку кондиција, за да не се исцрпува и да нема болки во телото. Постепено, од ден на ден, покачувајте ги минутите наменети за прошетка и трчање. Така, ако тоа е навикнато на 15 минути спортување дневно, тогаш покачете го ова време на 20-25 минути на ден. После една недела покачете го уште за 5-10 минути и така секоја седмица.

Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

Терајте го да трча кога ќе му фрлите играчка

Во продавниците за миленичиња, ќе најдете разнообразни играчки за кучиња. Сите играчки кои се лесно преносливи, се одлични за неговата диета. Користете топчиња, фризби, плишани играчки или некоја друга ваша омилена играчка. Фрлете ја во тревата еднаш, два пати, пет пати, сè додека вашето кученце не се растрча малку.

Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

Шетајте го по трева и песок, а не по асфалт

Секогаш земајте ја предвид површината по која вашето куче пешачи. Оние кучиња кои секогаш пешачат по тротоари и асфалтни површини, ги абат нивните зглобови и шепи. Пешачењето по трева и песок е добро за неговите зглобови, а зелената околина ментално ќе ја стимулира неговата љубопитност и ќе го направи потолерантно за подолго движење.

Вежбајте го вашето куче наутро

Ако го терате вашето куче да вежба рано наутро, пред да јаде појадок, ефектите ќе бидат многу поголеми отколку ако вежба поручек или навечер. Однесете го на прошетка во зеленило рано наутро што ќе му овозможи да согорува калории во текот на целиот ден, дури и кога ќе одмора. Доколку ова го практикувате секој ден и вие паралелно ќе одржувате здрава линија на вашето тело.

Стимулирајте го психички

Употребувајте мили зборови и погалете го вашето куче пред, за време и по вежбањето, за тоа да знае дека ја прави вистинската работа и ги исполнува вашите желби. Колку и да ве сака кучето, ако му претставува тешкотија да вежба, ќе треба повеќе да се потрудите со менталната стимулација.

Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

Ако вашето куче има здравствени проблеми, слушајте ги исклучиво советите од ветеринарот. Доколку тоа е сосема здраво, а има проблем само со тежината и сакате да создадете здрави навики во неговото, а со тоа и во вашето секојдневие, тогаш правилно следејќи ги овие освети, очекувајте резултати за неколку месеци. Идеално е вашето куче, на неделно ниво да губи од 1-2% од телесната тежина.

Прочитајте и како правилно да го чешлате вашето бушаво куче.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар