Каков тип бизнис ви одговара според карактерот?

Каков тип бизнис ви одговара според карактерот?

Според Мајкл Рафлс, експерт од областа на бизнисот, успешноста во овој сектор во голема мера зависи од тоа каков тип бизнис сте одбрале да водите и дали тој одговара на вашиот карактер. Тој бизнисмените ги споредува со спортистите во колективните спортови. Вели дека ако играте на позицијата која најмногу ви одговара, ќе дадете добар придонес за тимот и ќе бидете ѕвезда, а во спротивно ќе се изгубите во потпросечноста. Тој предлага различен избор на бизнис за различни карактери.

Каков тип бизнис ви одговара според карактерот?

Брзорастечки бизнис

За да основате бизнис кој многу брзо ќе расте, а потоа и да се справите со него, неопходно е да бидете експерт во полето поврзано со пазарот во кој сакате да учествувате. Но, тоа не е доволно. Ваков тип бизнис им одговара на самоуверени луѓе кои знаат добро да преговараат и да убедат повеќе инвеститори да вложат пари во нивниот бизнис. Најголеми шанси за брз успех имаат оние кои вложуваат во пазар на кој му недостасуваат играчи.

Справувањето со брзорастечкиот бизнис исто така не е лесно. Неопходно е уште од почетокот да се работи со некаков здрав профит, кој ќе се вложува понатаму заедно со влоговите на останатите инвеститори.

Бавнорастечки бизнис

Оние кои сакаат својата страст да ја претворат во бизнис без притоа да се носат со големиот стрес поради враќање на заеми, треба да се одлучат бизнисот да го водат на начин што ќе биде бавен и релативно сигурен за нив. Ова обично не се големи бизниси и за нив не е потребно големо познавање на финансиското работење. Доволна е само мотивација и трпение.

Бизнис со скратено работно време

Бизнисот бара голема посветеност во текот на целиот ден, но ако не сте тип човек кој е спремен да го прифати тоа, можете да изберете некој кој ќе го работите со скратено работно време. Најчесто ќе можете самите да ги избирате и часовите во кои ќе работите. Овој бизнис не носи голем профит, но е добар за да го надополни буџетот. Ако се решите на ваков чекор, имајте предвид дека потребно е да сте добри организатори кога се работи за вашето време.

Каков тип бизнис ви одговара според карактерот?

Соло во сопствениот сектор

Ако сте тип човек кој постојано има забелешки на потезите на шефот и сметате дека можел да постапи поинаку во повеќето ситуации, можете да размислите за отпочнување на сопствен бизнис во истиот сектор. Тоа ќе ви овозможи да водите претпријатие во кое сите потези ќе бидат повлечени онака како што вие сметате.

При започнувањето со работа треба да внимавате на евентуалните договорни клаузули за забрана за конкуренција со поранешниот шеф кои би можеле да ве спречат во вашите намери. Добро би било работно место да го напуштите во добра атмосфера, затоа што токму поранешната компанија би можела да ви биде клиент. Но, за секој случај, спремете си листа со контакти на клиенти кои би можеле да ги преземете од нив.

Бизнис за проба

Ова всушност и не е вистински бизнис, но може да ви послужи како средство за да ја испробате вашата идеја пред да се впуштите во поголеми ризици. Пример за тоа се тројца пријатели од САД кои продале еден куп смуди на музички фестивал. Таму поставиле две корпи за да се фрлаат празните чаши. На едната пишувало „Направете бизнис од ова“, а на другата да не се обидуваат. Во првата имало повеќе чаши и така започнале. Ова е идеално за луѓе кои немаат многу средства за започнување бизнис кои би сакале да ги ризикуваат и сакаат да видат колкави им се шансите да успеат.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар