Како влијае трчањето за време на менструација и каква храна треба да конзумирате?

Како влијае трчањето за време на менструација и каква храна треба да конзумирате?

Во текот на менструалниот циклус се случуваат хормонски промени кои влијаат на начинот на кој нашите тела функционираат. Жените кои редовно трчаат треба да го знаат ефектот на тренингот за време на менструалниот циклус.

Прогестерон и естроген се двата главни хормони кои имаат најголемо влијание врз спортските капацитети на една жена.

Како влијае трчањето за време на менструација и каква храна треба да конзумирате

Прогестеронот е највисок за време на овулација, од 20-22 -от ден од 28 дневен циклус. Промените во нивото на прогестерон прават нашите тела полесно да задржуваат течности, па затоа се чувствуваме подуени. Овој хормон исто така предизвикува покачување на телесната температура. Ова е корисно да го знаат жените кои пробуваат да забременат, но за жените кои сакаат трчање овој период може да биде проблематичен особено ако времето е многу топло. Затоа, доколку трчате за време на овулација мора да бидете претпазливи и да внимавате да внесувате доволно течности. Најдобро би било да не трчате напладне кога е најтопло.

Естрогенот, од друга страна, носи повеќе бенефиции. Нивото на естроген е највисоко во периодот пред овулација, односно за време на 14-от или 15-от ден од 28 дневен циклус. Според истражувања направени во 2002 и 2006 година, во овој период естрогенот помага многу полесно да се топат мастите во нашиот организам. Ако полесно согоруваме јаглехидрати тогаш многу лесно ќе снемаме енергија за време на трчањето. Има многу помалку енергија во грам јаглехидрати отколку во грам масти, па затоа согорувате повеќе калории кога топите масти за разлика од јаглехидрати. Естрогенот е вистински пријател на жените кои сакаат да согоруваат масти, па затоа практикувајте да трчате непосредно пред овулација.

Како влијае трчањето за време на менструација и каква храна треба да конзумирате

Многу е важно да се напомене дека женското тело не е послабо од машкото туку е различно. Жените не се послаби и не би требало да тренираат помалку од мажите. Многу тренери и медицински лица потврдиле дека индивидуалните вежби се еднакви и за мажи и за жени, она што се менува е како тие вежби се поставени во програмата.

Жените треба да бидат свесни дека за време на менструација нивото на железо во крвта е загрозено. Заедно со загубата на крв доаѓа и загубата на хемоглобин, што ја намалува способноста за транспорт на кислород и многу полесно доаѓа до замор. Доколку редовно тренирате, нивото на железо во крвта мора да биде проверувано од страна на вашиот лекар за да не дојде до анемичност.

Тестостеронот, естрогенот и прогестеронот се главните репродуктивни хормони чие ниво опаѓа во првите денови од менструацијата. Овој пад на хормоните резултира со опаѓање на серотонинот и допаминот, што би значело честа промена на расположението и желба за калорична храна и чоколадо.

Како влијае трчањето за време на менструација и каква храна треба да конзумирате

За време на менструација се препорачува да го започнете денот со обилен појадок кој содржи растителни влакна и протеини, како јогурт и житни култури кои ќе ве одржат сити подолго време и помала ќе биде шансата да посегнете по нешто благо. Не прескокнувајте оброци преку ден со цел да внесете помалку храна бидејќи телото ќе бара многу повеќе храна кога ќе дојде време за вечера. Кога ќе добиете желба за грицки, направете си пуканки или микс со комбинирање на зрна житарици, семки од сончоглед и сушено овошје.

Исто така, конзумирајте ореви, семе од лен, мрсна риба како лосос или маслиново масло, бидејќи тие се големи извори на омега 3 масни киселини. На жените им се препорачува конзумирање храна која содржи железо (спанаќ, леќа, леблебија) со цел да се намали падот на железото во крвта за време на менструација, растителни протеини (ореви, семиња и соја) за да се стабилизира шеќерот, Б витамин (месо, туна, компири, банани, грав) за да се намалат промените во расположението и боровинки и малинки со цел да се покачи естрогенот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар