Како визуелно да го смалите подбрадокот со шминка?

Подбрадокот за жал не може сосема да се скрие, но со помош на некои мејкап-трикови може визуелно да се смали.

Како визуелно да го смалите подбрадокот со шминка?

Потемна пудра

За да постигнете добар резултат, потребна ви е пудра за две нијанси потемна од онаа која ја користите. Најпрво нанесете подлога која совршено одговара на вашиот тен. Потоа, од потемната пудра нанесете на брадата и по целата линија на вилицата, притоа со помош на сунѓерче или со прстите размачкајте ја убаво за да се претопи со пудрата што ја имате на остатокот од лицето. Многу е важно да не се познаваат граници.

Бронзер на деколтето

Друг трик е да нанесете матиран бронзер на деколтето, односно на торзото веднаш под работ на вратот, со што ќе го одвлечете вниманието од вашиот подбрадок. За да изгледате природно, од истиот бронзер нанесете и на образите.

Усни и очи

За да го скриете подбрадокот колку што е можно, исто така треба да знаете дека не треба да ги шминкате усните во нападни и јаки бои, туку во неутрални нијанси. Кога станува збор за очните капаци пак, за дневен мејкап најдобро е да користите неутрални сенки и маскара, додека за вечерен изглед, изберете ефект на зачадени очи.

На крај, не заборавајте дека главата треба да ја држите исправено, да гледате право пред вас. Исто така кога се фотографирате, главата држете ја право, малку странично и подбрадокот на фотографиите или нема да се познава или пак ќе изгледа многу помал.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар