Како вашите стари штикли повторно да заблескаат?

Сигурно низ дома ви се наоѓа барем едно рало чевли, кои се веќе остарени, оштетени или едноставно не ви се допаѓаат повеќе!? Наместо да завршат во контејнер, со малку вложен труд можете да ги дизајнирате, за да направите повторно да заблескаат и што е најважно, да изгледаат сосема различно од првичниот фабрички дизајн. Ви нудиме 3 различни идеи за 3 уникатни дизајни.

Дијамантски штикли

Како вашите стари штикли повторно да заблескаат?

Потребно е:
  • Еден пар стари, износени чевли на висока штикла
  • 40-50 поголеми и средно големи вештачки дијаманти во различни облици (10-15 мм)
  • 30-40 мали кружни вештачки дијаманти (3-6 мм)
  • Лепило
  • Мали клешти, пинцета, чепкалка за заби, мал сад
Начин на изработка:

Со клештите извадете ја металната подлога од вештачките дијаманти. Стиснете малку лепак во садот, поткренете едно од големите камчиња со клештите и потопете ја задната страна во лепилото. Залепете го дијамантчето на средишниот дел од штиклата. Потоа залепете уште неколку големи камчиња околу, а надолу кон штиклата, продолжете постепено со поситни камчиња. За малите камчиња ви е потребно малку лепило, кое ќе го нанесете со чепкалка за заби, држејќи го со пинцета. Нема некое правило како да ги уредите камчињата, така што можете и да направите некој ваш уникатен дизајн. Истото повторете го и на другата штикла и ќе добиете нов пар дијамантски чевли.

Како вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат?

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Мон Reply

    Ммм интересно и многу креативно :))
    ќе се проба ..

Остави коментар