Како вашиот пристап ја дефинира љубовната врска?

Секој од нас има своја шема според која им пристапува на љубовните врски. На пример, вашиот партнер ве доживува набљудувајќи го говорот на вашето тело, слушајќи ги фразите кои ги употребувате, начинот на зборување, како и вашите навики и односот кој го имате со останатите лица. Најчесто не сме ни малку свесни за пристапот кој го имаме кон љубовните врски, но истата шема веќе сме ја примениле во многу врски или интеракции со лица од спротивен пол.

Зошто е важно да сте свесни за начинот на кој им пристапувате на врските? Тоа наголемо влијае на перцепцијата која вашиот партнер ќе ја има за вас, а можеби со самото разбирање кој е вашиот пристап, ќе одгатнете многу нејаснотии кои сте ги имале за минатите или пак за сегашната врска.

Како им пристапувате на љубовните врски и зошто многу нешта зависат од вашиот пристап?

Доколку најголем дел од врските во вашето минато завршиле на начин на кој сте посакувале, тогаш може да се каже дека ви е јасно што сакате и како им пристапувате на нештата. Но доколку одговорот е негативен, можеби оставате сосем погрешен впечаток.

Како се поставувате во врските зависи од многу фактори како образованието, домашното воспитување, разните медиумски влијанија и слично. Дали ви се случило вашето однесување да биде погрешно интерпретирано од другата страна? Можеби сте имале намера за нешто сериозно, но сте биле сфатени како личност која во моментот бара забава. Дали ви се случило да ги практикувате истите свои навики од минатото во сегашната врска? Дали повторно се фаќате за истите работи и започнувате кавги поради истите причини?

Ренди Гантер, психолог и брачен советник, разработила 9 најчести типови на пристап кон врските кои ќе ви помогнат да разберете каде припаѓате вие. Целта на нејзиното излагање не е дефинирање на одреден пристап како правилен, а на друг како погрешен, туку секој пристап има различна цел, добри и лоши страни. Доколку тие ви помогнат да разберете што сте правеле погрешно, може свесно да го промените својот пристап кон врските.

1. Желба за контрола и доминација

Нивниот став е дека тие просто знаат како да живеат. Не само што знаат што е најдобро за нив туку умеат да кажат што е најдобро и за нивниот партнер. Се однесуваат како да влегле во врската за да му кажат на партнерот како треба да живее и какви одлуки да донесува, потенцирајќи дека другата страна ќе биде посреќна доколку ги слуша нивните теории за подобар живот.

Главна цел: Да имаат контрола и одговорност врз нивните партнери.

Какви партнери ќе привлечат? Личности со ниска самодоверба, или личности кои во конкретниот период изгубиле верба и волја за живот, па треба да бидат водени од страна на некој посамоуверен од нив кој истовремено тактички се снаоѓа во животот.

Возможен исход: Ваквиот пристап кон љубовните врски е интересен микс од сочувство кон другата личност и желба за доминација. Оваа врска повеќе наликува на врска родител-дете отколку на врска меѓу двајца партнери кои се од ист ранг. Во овој случај или ќе поминете добар дел од животот (ако не цел), контролирајќи нечиј живот и грижејќи се за некој друг кој упорно ќе се потпира на вас, или пак ќе се претворите во опсесивен родител чие дете набрзо ќе порасне и ќе го напушти домот.

Доколку се пронајдовте во овој тип, вашето сочувство за другите е многу човечно, но имајте на ум дека мора да поставите граница. Никој не сака да биде контролиран и постојано да се гази неговото его. Вие може да дадете совети и да му помогнете на вашиот партнер, но сосем е во ред некогаш вие да бидете страната на која ѝ треба помош.

Како им пристапувате на љубовните врски и зошто многу нешта зависат од вашиот пристап?

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар