Како вашата работна модна комбинација да ја претворите во одличен вечерен аутфит?

Најубавата страна од целиот моден свет е тоа што не морате секогаш да ги одвојувате парчињата облека за одреден период од денот, според приликата за која се подготвувате, туку можете едно парче облека да го користите за повеќе настани и ситуации. Сè зависи од вашиот личен стил и вкус, односно, од тоа колку сте креативни во текот на еден ден и што сакате да постигнете со вашата модна комбинација. Па така и вашите работни модни комбинации ќе можете да ги лесно да ги претворите за вечерни прилики, како што се одењето на вечера, излегувањето во некој ноќен клуб, што многу ќе ви го олесни функционирањето во современиот свет каде што никогаш нема да знаете кога ќе завршите со вашите работни обврски и кога ќе биде следната прилика за излегување.

0-kako-vashite-rabotni-modni-kombinacii-da-gi-pretvorite-da-bidat-odlichni-i-za-vecherni-priliki-www.kafepauza.mk_

1. Совршен за многу ситуации е комбинезонот, кој инаку е еден од поголемите трендови во последните сезони. Избирајте поелегантни материјали, но и некои занимливи детали кои ќе направат да изгледате сексапилно и привлечно кога ќе го облечете. Токму затоа не можете да го облечете секогаш, особено во текот на некој работен ден, но сепак во комбинација со некоја кошула која ќе ја облечете под него и некое подолго сако, ќе создадете сосема добра комбинација за еден работен ден.

1-kako-vashite-rabotni-modni-kombinacii-da-gi-pretvorite-da-bidat-odlichni-i-za-vecherni-priliki-www.kafepauza.mk_

А потоа, доколку немате многу време за да се подготвите за вечерното излегување, само соблечете ја кошулата или сакото, обујте високи потпетици, а можете да додадете и некое парче накит, помала чанта која изгледа посвечено, и за само неколку минути ќе бидете подготвени и ќе изгледате одлично. Не мора да се заморувате и да губите енергија околу тоа што да облечете, бидејќи на овој начин ќе ја сочувате вашата енергија за излегувањето што следува.

2-kako-vashite-rabotni-modni-kombinacii-da-gi-pretvorite-da-bidat-odlichni-i-za-vecherni-priliki-www.kafepauza.mk_

2. Ако вашата работа не бара одреден кодекс на облекување, имаме предлог како да изгледате професионално, но и сосема модерно. Панталоните со широки ногавици, широка кошула, која дури може да биде и машка, со рамни обувки и чантата која ви е потребна за тој ден ќе ви дадат одличен изглед, а потоа сето тоа можете да го измените и да го приспособите за вечерното излегување.

3-kako-vashite-rabotni-modni-kombinacii-da-gi-pretvorite-da-bidat-odlichni-i-za-vecherni-priliki-www.kafepauza.mk_

Кошулата закопчајте ја до вратот, а можете да додадете и некој впечатлив ѓердан под јаката кој ќе ѝ даде интересна „вибрација“ на целата комбинација. Ставете ја кошулата во панталоните и одлучете се за високи потпетици кои ќе ја надополнат комбинацијата, но и ќе ја „скршат“ монотонијата на целиот изглед. Изберете мала чанта и времето за дружење и создавање на спомени со луѓето кои ги сакате може да започне.

4-kako-vashite-rabotni-modni-kombinacii-da-gi-pretvorite-da-bidat-odlichni-i-za-vecherni-priliki-www.kafepauza.mk_

3. Ако мислевте дека вашиот мал, црн фустан не е соодветен за работното место, бидејќи изгледа провокативно, тогаш се лажете. Земете го трикот со комбинезонот, облечете едноставна бела блуза или кошула под фустанот, некои елегантни потпетици или оксфордки, голема елегантна чанта и тоа е сѐ што ви е потребно за успешен ден во канцеларијата и надвор од неа.

5-kako-vashite-rabotni-modni-kombinacii-da-gi-pretvorite-da-bidat-odlichni-i-za-vecherni-priliki-www.kafepauza.mk_

А потоа, ќе останете само во вашиот мал, црн фустан. Комбинирајте малку накит и високи потпетици или сандали. Ќе изгледате тренди и одлично за едно излегување со вашите пријателки или со вашиот партнер.

6-kako-vashite-rabotni-modni-kombinacii-da-gi-pretvorite-da-bidat-odlichni-i-za-vecherni-priliki-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар