Како треба да се облекуваат полните мажи?

Како треба да се облекуваат полните мажи?

Не е лесно во светот на пополничките мажи, без разлика дали се високи или ниски, бидејќи трендовите во модата не се водат баш според нивните пропорции. Но, сепак низ историјата постојат познати мажи со облини, кои сепак успевале да бидат во тек со модата. Како за пример може да се земе уредникот на списанието „Vogue“, Андре Леон Талеј, кој тежеше околу 135 килограми, а сепак права реткост беше да не биде забележан обвиен во најмодерните парчиња облека.

Како треба да се облекуваат полните мажи

За жал не секој маж има гардеробер, пари, или пак шивачи како г. Леон Талеј. Но како и да е, секој човек може да стори неколку работи, за да ги минимизира ефектите од својата прекумерна килажа. Ова се неколку корисни совети кои можат да ви помогнат да се справите со овој „проблем“. Целта е да изгледате послабо или пак во најмала рака да не носите нешто што премногу ги потенцира вашите килограми. Постојат неколку трикови помеѓу кои се носењето облека во вертикални линии или пак комбинирање слични бои.

  • Што помалку толку подобро. Ова значи да не ги полните џебовите на пантолоните, јакната или кошулата со разни предмети, мобилни, кутии од цигари и слично, бидејќи секој од нив, допринесува визуелно да го зголемите обемот.
  • Вертикални линии. Нежните и тенки вертикални линии на облеката ќе ви создадат вештачка виткост и ќе ве издолжат. Само внимавајте, доколу линиите се премногу смели и широки, тие само ќе направат да изгледате полошо и ќе ја истакнуваат вашата тежина.

Како треба да се облекуваат полните мажи

  • Поткошула. Обидете се во секоја можна прилика, да носите поткошула, бидејќи ќе ви создаде еднаква и мазна силуета.
  • Тенок ревер (крај од горна облека превртен на градите, најчесто на сако). Доколку сте малку се пообли во пределот на вратот и лицето, тенките ревери ќе го затскријат тоа.

Како треба да се облекуваат полните мажи

  • Горен дел со „V“ отвор. Исто како и реверот, ваквиот отвор ќе ви помогне визуелно да ја намалите облината на вратот, бидејќи тој нема да биде опколен со материјалот од облеката. Исто така, доколку под парчето облека, не облечете ништо друго, можете да постигнете ефект на мускулести гради.
  • Облеката совршено да прилега на телото. Ова најмногу важи за пополните мажи. Доколку облеката е минимално тесна, ќе се покаже она што најмногу сакате да го сокриете. Во спротивен случај, пак, доколку е прешироко, ќе изгледате како телото да ви нема форма. Вашата облека мора да биде совршено точна, ниту претесна, ниту преширока.

Како треба да се облекуваат полните мажи

  • Слични бои. Доколку се држите до слични бои при облекувањето, вие на останатите визуелно ќе им изгледате многу потенки и повитки. Најдобар пример е закопчан костум – споеноста на сакото со пантолоните создава обединувачи ефект, кој додава височина.
  • Коланот. Обидете се коланот да ви биде затегнат, но пред се и да ви биде комотен. Доколку ви е затегнат премногу силно, вишокот ќе ви излезе од страните.

Како треба да се облекуваат полните мажи

За потсетување, пред неколку недели можевте да прочитате и за тоа како треба да се облекуваат слабите мажи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар