Како совршено да се извините? Секој пат!

Неискреното извинување може да направи повеќе штета дури и од она нешто за кое се извинувате. Токму затоа следен пат кога ќе сакате да надополните за својата грешка, имајте ги на ум следниве нешта со кои вашето извинување ќе биде искрено и сфатено со добра намера.

Како совршено да се извините... секој пат!

1. Прескокнете ги изговорите

Вашето извинување нема потреба да содржи објаснувања, причини или валидации. „Извини“ е можеби најсилниот збор во нашиот јазик, но неговото значење често се губи помеѓу непотребни зборови и реченици. Овој збор има исто толку моќ како и изјавата „Те сакам“, па токму затоа е многу важно за здравјето на сите ваши врски, без разлика дали станува збор за семејство, пријатели и партнер.

Па, тогаш зошто постојано имаме потреба да се оправдуваме? Кога ќе сфатиме дека сме повредени или дека сме повредиле друга личност, ние често се чувствуваме засрамено и исплашено. Нашите инстинкти нè заштитуваат од последиците, па токму затоа е потребно малку време за да ги обработиме овие податоци и да сфатиме точно што се случило. Искреното извинување не доаѓа инстантно, но не би ни требало. Тоа бара перспектива, ранливост и храброст.

2. Кажете го зборот

Еден од најдобрите исходи помеѓу повредените личности и оние кои нанеле болка е фактот што срцата и на двете страни стануваат помеки едни кон други. Особено кај паровите, благодарноста е најчестата реакција која се добива на искреното покажување за каење. Тоа се случува бидејќи личноста која била повредена, на некој начин била заглавена во емоционална болка, од која се извлекува благодарение на овој збор. Тие едноставно од себе добиваат дозвола да престанат да се заштитуваат и да можат да продолжат понатаму.

3. Не барајте опростување

Во зависност од вашата грешка, потребно е одредено време да се добие опростување. Вие едноставно не можете да ги брзате овие работи така што ќе барате да ви се опрости истиот момент кога ќе го изговорите зборот „Извини“. Бидете трпеливи и дозволете ѝ на другата личност да ги обработи сите податоци и да почувствува дека може да ви го даде ова опростување. Сите луѓе прават грешки, тие се дел од нашата природа. Но, важното нешто е како ќе се справиме со ситуацијата која тие ни ја предизвикуваат. Тоа е само ваша одговорност и откако ќе го прифатите тоа, процесот на извинување и опростување ќе стане многу полесен и многу поздрав.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар