Како секогаш да изгледате беспрекорно во тоа што ќе го облечете?

Како секогаш да изгледате беспрекорно во тоа што ќе го облечете?

Може да имате сјајна фигура, уште подобра гардероба, совршен стил и секогаш средена фризура, но доколку некои детали не се на своето место, сето тоа е залудно! Едноставно, постојат ситници околу кои треба повеќе да се потрудите иако станува збор за едвај забележливи нешта, бидејќи веќе добро знаете дека е доволен само еден детаљ за да го унапреди или да го уништи вашиот целокупен изглед. Токму поради тоа, денес ви откриваме мали тајни за беспрекорен стил без разлика на тоа што ќе го облечете.

1-mali-tajni-so-koi-sekogash-kje-izgledate-sjajno-vo-ona-shto-kje-go-oblechete-www.kafepauza.mk_

Пронајдете совршена долна облека! Нема ништо полошо од долна облека што се оцртува и тоа не само во естетска смисла, туку и во однос на тоа како вие се чувствувате. Добрата и соодветна долна облека ќе направи да се чувствувате пријатно и опуштено, а тоа без сомнеж ќе се забележи и на вас!

Немојте да носите повеќе впечатливи трендови одеднаш! На пример, „закрпените“ фармерки самите по себе се многу впечатливи, секако и модерни, но тие нема да изгледаат толку добро во комбинација со впечатлива кошула и чевли. Едноставно, нападно е. Ставете го акцентот на едно ефективно парче облека.

Внимателно избирајте ги и комбинирајте ги широките парчиња облека! Доколку не сакате да изгледате покрупно, широките парчиња облека носете ги со нивната спротивност за да постигнете совршен баланс. На пример, макси здолништето со многу слоеви добро ќе изгледа со едноставна, тесна блуза, а за целосен впечаток, ставете и некое гломазно ланче.

2-mali-tajni-so-koi-sekogash-kje-izgledate-sjajno-vo-ona-shto-kje-go-oblechete-www.kafepauza.mk_

Не претерувајте со аксесоарите! Што помалку, толку подобро! Доколку вашата едноставна комбинација сте ја надополниле со чанта која самата по себе е впечатлива и веднаш паѓа во очи, тогаш со неа облечете и соодветни чевли и тоа е тоа. Нема потреба за додавање на цел куп аксесоари, бидејќи на тој начин само ќе го одвлечете вниманието од она што е навистина добро – и доволно!

Проверете го шлицот! Свечените прилики главно бараат елегантни фустани, а многу од нив имаат шлиц. Облечете го фустанот, облечете ги чевлите кои планирате да ги носите и така облечени прошетајте за да видите колку сте подвижни во таа комбинација, и она што е поважно, дали е шлицот превисок и да не покажува многу кожа. Не сакате да изгледате невкусно!

Научете како да ја вовлекувате блузата или кошулата во панталоните! Во суштина, ако добро ви стојат панталоните, мислиме на задникот, вовлечете го она што го носите горе за суптилно да го изразите она што го имате. Секако, тоа ќе „работи“ само во случаите кога ќе носите соодветни парчиња. Туниката и не е баш практична за вовлекување, а нема да изгледа добро ниту на сите модели на панталони. Добар спој се, на пример, туниката и тесните панталони.

Не го покажувајте премногу градникот! Сега е во тренд да се носат чипкасти градници кои дискретно „излегуваат“ под блузите со тенки рамки. Но, акцентот е на „дискретно“. Малку чипка е секси, премногу ќе биде вулгарно.

3-mali-tajni-so-koi-sekogash-kje-izgledate-sjajno-vo-ona-shto-kje-go-oblechete-www.kafepauza.mk_

Кроп топот е само за панталони и здолништа со висок струк. Нема што повеќе да се каже на оваа тема.

Мудро избирајте го монохроматскиот изглед! Едноставно е да облечете сè во една боја, зар не? Сепак, за навистина да го постигнете тој ефект, слободно комбинирајте различни нијанси на иста боја, различни материјали, а малку накит исто така може да ѝ даде сјај на целата комбинација.

Да носите пар обувки само затоа што се убави, но не и удобни, не е паметен потег! Таа неудобност ќе се одрази на вашето држење, одење и целокупен изглед, а на тој начин ќе го нарушите впечатокот кој го оставате.

4-mali-tajni-so-koi-sekogash-kje-izgledate-sjajno-vo-ona-shto-kje-go-oblechete-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар