Како секое утро да се будите смирени и полни со енергија?

Која е првата мисла што ви поминува низ глава кога ќе се разбудите наутро? Дали е тоа некоја намерна мисла или само си изговарате „Ох, 6 часот е“? Доколку денот ви почнува на овој начин, тогаш најверојатно тој ќе биде исполнет со анксиозност и стрес. Всушност, ова не е најпродуктивниот начин за да ги остварите работите што ви се потребни. Имајте на ум дека прашањата може да бидат многу моќни, доколку се користат на правилниот начин.

Како секое утро да се разбудите смирени и полни со енергија?

Како да ги користите утринските моќни прашања?

Кога ќе се разбудите наутро, вие секогаш се прашувате дали сте свесни или не. Додека ги миете вашите заби, го пиете утринското кафе или го јадете појадокот, низ вашата глава поминуваат илјадници мисли. Вие може да си мислите зошто сте уморни, зошто не сте се решиле да си легнете порано, што да јадете во текот на денот и слично. Но, генерално, овие работи не ви служат за корисни цели, а во некои случаи дури може и да ве повредуваат. Многу е важно со користењето на прашањата да земете контрола врз насоките на вашиот живот. Така, наместо тие прашања, наутро можете да си поставите некое од следниве:

  • Што треба да очекувам од денешниот ден?
  • Што е тоа што е прекрасно во мојот живот?
  • Како можам да го направам денешниот ден неверојатен?
  • Што најдоброто нешто што може да ми се случи денес?

Со поставување на овие прашања вие ќе почнете да го префрлате фокусот на вашиот ум кон работите што сакате да ви се случат. Интересно е да се напомени тоа дека вашите прашања не треба да имаат некоја основа во реалноста, затоа што вашиот мозок ќе одговори буквално сѐ што ќе го прашате. За да биде ова ефективно, треба да го практикувате 30 дена по ред. На овој начин вашиот мозок ќе создаде врска помеѓу состојбата која ја создавате со вашите прашања и будноста наутро.

Најважното прашање за секое утро

Важно е секој ден да го започнувате така што ќе бидете благодарни. Па, навикнете се наутро да си го поставувате прашањето „За што сум благодарен/благодарна?“ Ако го поставувате ова прашање неколку дена по ред, вие секојдневно ќе се будите со возвишено чувство. Откако ќе почнете да гледате на светот и на работите околу вас со благодарност, тогаш сѐ повеќе и повеќе од тоа ќе внесувате во вашиот живот. Секој човек има многу работи за кои треба да биде благодарен, а најчесто сите се фокусираат на она што не е добро, но оваа рутина може многу да ви помогне да го промените вашиот фокус.

Како секое утро да се разбудите смирени и полни со енергија?

Неколку начини да ја промените вашата утринска рутина

Доколку сакате да го промените почетокот на вашиот ден, потребно е да имате предвид неколку работи. Освен моќните прашања кои треба да си ги поставувате наутро, важно е и да го започнете вашиот ден на помирен и потивок начин отколку оној што сте го практикувале претходно. Еве што треба да имате предвид.

Не вклучувајте ги компјутерот и телевизорот

Многу луѓе имаат навика веднаш штом се разбудат да го посветат своето внимание на компјутерот или телевизорот. Но, не е здраво да го започнете вашиот ден така што ќе се натрупате со информации одма штом отворите очи. Наместо тоа, уживајте во вашето кафе или појадок околу дваесетина минути. Вестите од телевизорот може да имаат негативно влијание врз вас, без вие и да го забележите тоа. Не е добра идеја да се изложувате себеси на негативните случувања во светот уште во раните утрински часови.

Слушајте музика која ќе ви го подобри расположението

Пронајдете такви песни кои ќе ви го подобруваат расположението или некои кои ќе ве смируваат. Исто така веднаш штом ќе се разбудите можете да слушате и некои инспиративни и поучни приказни, па замислете колкав ефект ќе имаат тие ако го практикувате ова во период од 30 дена.

Медитирајте

Медитирањето може да ви помогне да се ослободите од мислите. Така, рано наутро вашиот ум е во мирна состојба, па дури и 5 до 10 минути длабока медитација може да направат голема разлика за претстојниот ден.

Направете го вашиот ден прекрасен, така што ќе се инспирирате и со овие неколку цитати кои ви овозможуваат одличен почеток на вашето утро.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар