Како се менува вагината во текот на годините?

Матката се шири до големина на голема лубеница во текот на бременоста, но потоа се враќа во првобитната состојба за период од 6 недели после породувањето. За жал, тоа не е случај со останатите делови од телото. Како старееме, лицето добива брчки, вратот се опушта, градите се спуштаат, а косата белее. Затоа не треба да се чудите и за промените кои се случуваат со вашата вагина. Еве како годините влијаат на неа.

Naked woman holding red rose front of her naked body

На 20 години – Сè таму се смалува

Кога ќе заврши пубертетот, органите се веќе пораснати до соодветната големина. Ова се однесува на сè друго освен на срамните усни. Тие во овој период почнуваат да се намалуваат. Немојте да се изненадите ако забележите дека надворешните срамни усни ви изгледаат потенки. Тоа е сосема нормално. Поткожното масно ткиво со годините се смалува, па затоа промената во изгледот е сосема нормален резултат од тој процес.

На 30 години – Се појавуваат темни сенки

Хормоналните промени кои настануваат во текот на бременоста или само со годините, можат да доведат до потемнување на внатрешните усни. Затоа не треба да се грижите ако забележите дека вашите усни поминуваат низ 50 нијанси на кафено-сиво.

Големото растегнување

Следниот голем чекор во животот на секоја жена (и нејзината вагина) е бременоста. За самата вагина многу е важен чинот на породување. Матката се шири до големина на голема лубеница, па потоа се враќа во првобитната состојба за период од 6 недели после породувањето. Ова е голема промена и често остава последици на вагината. Сепак, со тек на време и со добри вежби, сè се враќа на свое место.

На 40 години – Циклусот се скратува

Иако бројот на јајце клетките се намалува, менструацијата сè уште доаѓа, само што со текот на времето станува сè пократка додека во еден момент сосема не престане. Ова е период кога организмот природно се подготвува за менопаузата.

Сè се опушта

Вашите репродуктивни органи на своето место ги држат многу тетиви и мускули. Со годините, а посебно со вишок килограми, стареење или интензивно вежбање, овие мускули попуштаат. Затоа во овој период можете да почувствувате чувство на тежина таму долу, како и неконтролирано мокрење. Решението е – Кегелови вежби.

Сè станува сè посиво таму долу

Намаленото ниво на естроген влијае на базно-киселата рамнотежа во вагината, што може да доведе до разни воспаленија. Како резултат на тоа, доаѓа до чувство на сувост. Убавата вест е дека редовниот секс ја спречува оваа појава.


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар