Како природно да го отстраните масното ткиво?

Масното ткиво е израсток на кожата кој може да се појави каде било на телото, а се состои од наталожени масни келии. Претежно претставува само естетски проблем кој не му штети на вашето здравје. Масното ткиво настанува без да го забележиме и без болка, освен во одредени случаи кога настанува липом.

Најчесто се појавува кај лицата постари од 40 години, но нема правило, така што може да се јави дури и кај деца. Често се појавува на главата, на рацете, на грбот, вратот, нозете и на други делови од телото.

Докторите советуваат масното ткиво да се отстрани по хируршки пат, што е рутинска операција и не трае подолго од половина час. Но, за оние кои не сакаат да легнат под скалпер, нудиме 4 рецепти за природно лечење кои би помогнале во повеќето случаи.

doctor inspecting woman patient skin

1. Брашно и мед

Овој рецепт им помогнал на многу луѓе да го отстранат своето масно ткиво. Од брашно и мед направете смеса со дебелина од 1 см и големина потребна да се прекрие целото масно ткиво. Добиената смеса не треба да биде премногу леплива. Нанесете ја мешавината на масното ткиво и врз неа ставете хартиено марамче или газа за да не ви се лепи на облеката. Држете ја смесата на телото 36 часа, а потоа направете нова и повторно ставете ја на масното ткиво. После 7 дена, ткивото би требало да прсне и да истече насобраниот гној.

2. Нека ве касне пчела

Оваа метода е многу едноставна. Потребно е само да ве касне пчела, два пати на тоа место и после 7 дена масното ткиво би требало да го снема. Фатете ги пчелите со пинцета, насочете ги така за да гледаат со боцката кон масното ткиво и дозволете им да ве каснат. Ваквиот бодеж нема да биде болен како што вообичаено боли кога ќе ве касне пчела.

3. Прополис

Нанесете прополис на проблематичното место и повторувајте ја постапката неколку дена.

4. Жолчка и сол

Оваа метода ја испробала жена која на овој начин го отстранила ткивото после 2-3 дена. Измешајте една жолчка со 2 лажици сол и со таквата смеса намачкајте го масното ткиво. Добро втривајте на местото 3-4 пати на ден.

Дали вие имате искуство со масно ткиво? Што имате преземено за да го отстраните?

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Lile Reply

    Pocituvani,
    pokraj site ovie lekovi sto gi imate pokazano, a i site ostanati koi postojano gi objavuvate, kako vas redoven citatel mozam da vi zabelezam deka do sega nemate objaveno ni eden lek za bradavici, onie magareskite sto mnogu tesko se lecat i najcesto se javuvaat po racete.

    Pozdrav

    • Кафе пауза Reply

      Лиле, благодариме многу за предлогот. Ќе се обидеме да истражиме на оваа тема и набрзо да објавиме соодветен текст.

      Поздрав

  2. dani Reply

    dali na nekoj mu ima [pmognato nekoj od ovie lekovi pri otstranuvanje na aterom

  3. viktor Reply

    Kako mozem da go ostranim masno od kivo lek ako moze za masno od kivo lek

Остави коментар