Како правилно да носите накит?

За накитот кој го носите да дојде до израз и да заблеска во полн сјај, треба да се придржувате до неколку едноставни стилистички правила. Ние ви ги откриваме трите најважни.

Како правилно да носите накит?

Истакнете само едно парче накит

Доколку парчињата накит кои сакате да ги носите стилски не си одговараат, се губи убавината и уникатноста на сите нив. Затоа секогаш носете само едно воочливо парче накит. Доколку сакате да носите повеќе парчиња од ист вид накит, тоа нека бидат прстени или алки, никако и едното и другото.

Никогаш не го прскајте накитот со парфем

Ова не смеете да го правите, затоа што тоа влијае на заштитниот слој на одредени делови од накитот, најчесто на металните. Доколку сепак тоа ви се случи, измијте го накитот со топла вода и сапун, а потоа убаво исушете го и исполирајте го со еленска кожа.

Темна облека и накит

Темната облека одлично го истакнува накитот. Со црни или тегет блузи, кошули или фустани носете неколку брошови или ѓердан со изразен приврзок.

Кога станува збор за костум (сако со здолниште или панталони), тогаш накитот е неизоставен детаљ, кој многу ќе го освежи вашиот изглед.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар