Правилно нанесување на ајлајнерот според обликот на очите - Part 2

Правилно нанесување на ајлајнерот според обликот на очите

4. Крупни очи

Доколку имате крупни очи, тоа е навистина голема среќа, бидејќи шминкерите константно пронаоѓаат начини со разни техники и вештини на шминкање визуелно да ги зголемат очите. Нема потреба премногу да се грижите за нанесување на ајлајнер, па затоа нанесете го во тенка линија по целата должина на капакот, без дополнително „свиткување“ кон веѓата, само нанесете го како своевидна контура на окото и тоа ќе биде сѐ што е потребно.

5. „Тажни“ очи

Бидејќи „тажните“ очи се спуштени надолу, односно, надворешниот агол им е навален, потребно е визуелно да ги подигнете. Нанесете ајлајнер по целата должина на капакот, но нека не биде во дебел слој кај внатрешниот агол за да остане отворен, а потоа кон надворешниот агол здебелувајте ја линијата и извлечете малку подебела „кука“ нагоре, што ќе го поништи впечатокот на спуштени очи.

6. Зближени очи

Кај ваквите очи потребно е да создадете илузија дека тие се малку пораздалечени отколку што се. Затоа со нанесувањето на ајлајнерот во дебела линија започнете од надвор, со кука која оди нагоре, а која во многу тенка линија завршува кај внатрешниот агол од окото. Освен тоа, едноставните „мачкини очи“ се добри за ваков облик, како и тоа секогаш во внатрешните агли да се нанесува светла сенка или ајлајнер.

7. Раздвоени очи

Кога се во прашање раздвоените очи, тогаш треба да создадете илузија на потполна симетричност. Тоа ќе го постигнете така што ајлајнерот во дебела или тенка линија ќе го нанесете по должината на целиот капак, со малку извиена кука или воопшто без неа, и нанесување на темна сенка или молив за очи на долната водена линија на окото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар