Како популарните диети си поигруваат со вашиот организам?

Како популарните диети си поигруваат со вашиот организам?

Единствена здрава и правилна диета е онаа која застапува умереност. Од оној момент кога ќе се откажете дури и од една намирница која претходно сте ја сакале, знајте дека не сте на вистинскиот пат. Умерената диета која нема да го наруши вашиот организам подразбира намалување од максимално 500 калории дневно. Тоа значи дека од препорачаното дневно внесување калории (2.200 калории) треба да одземете 500. Во преостанатите 1.700 до 1.800 калории и понатаму имате слобода да консумирате сѐ што досега сте сакале, но во умрени количини.

1-kako-popularnite-dieti-si-poigruvaat-so-vashiot-organizam-www.kafepauza.mk_

„Ретко кога на луѓето им исфрлам нешто од исхраната. Од клучна важност е изборот на намирници, а многумина кои сакаат да ослабат дури и ја збогатуваат својата исхрана со нова. Постојат некои намирници кои ни овозможуваат да внесуваме сѐ што ни е потребно, а притоа да го избегнеме сето она што ни е непотребно. Во тоа најмногу помага големата количина зеленчук затоа што има ниска енергетска вредност. Така ги добивате сите минерали, витамини и хранливи влакна, додека истовремено и слабеете“, истакнува професор д-р Будимка Новаковиќ.

Диетите кои се засноваат на рестрикција на јаглехидратите, течните шеќери, па и мастите на повеќе начини го нарушуваат енергетскиот баланс, а најмногу влијаат на правилната работа на организмот. Во продолжение погледнете како.

1. Нерасположени сте

Не е потребна некоја наука за да сфатите дека гладот предизвикува нерасположение и нервоза. Многу е едноставно – поголемиот дел од диетите се засноваат на рестрикција на важните натриени, а нивниот недостаток во организмот предизвикува лачење на хормонот за стрес. Хормонот на стрес го прави вашиот имунитет послаб и поподложен на болести. Уште ако со рестриктивната диета во која не добивате доволно натриени и вежбате, тогаш целосно ќе го истрошите вашиот организам.

Со други зборови, услов за здрава диета и килограми кои нема да ви се вратат после неа е благосостојба на организмот, поточно негово задоволство. Да се чувствувате добро е чувство на задоволство во животот, а основа за задоволен живот е чувство на добро физичко и ментално здравје. Па, две коцки од вашето омилено чоколадо никако нема да ја забават вашата диета, баш напротив, ќе ве мотивираат да не се откажувате и да продолжите понатаму.

2-kako-popularnite-dieti-si-poigruvaat-so-vashiot-organizam-www.kafepauza.mk_

2. Не го слушате вашето тело

Телото ви кажува што сака и секогаш е во право, а диетите го прават спротивното – ве тераат да не го слушате вашето тело! Исхраната не е вештина која сите на ист начин ја практикуваат, туку инстинкт кој го има секој од нас. Не сте родени со калкулатор за броење калории, туку со природно чувство да знаете кога сте гладни, а кога ви е доста.

Уште како дете сте научиле што ви се допаѓа, што не ви се допаѓа, и колку можете да јадете додека „не пукнете“. Храната е храна, а вие сте изградиле свој начин на кој ја примате и внесувате. Не мора никој повторно да ве учи на тоа. Секогаш имајте на ум дека вие сте тие кои најдобро сами на себе ќе си создадете диета според вашето животно мени.

3. Храната станува центар на светот

Кога сте на диета вие постојано мислите на храна. Што да однесете на работа за да јадете? Како ќе ја издржите вечерата со пријателите кога на ред ќе пристигне десертот? Како ќе се контролирате на свадбата на која треба да одите? Сето ова во вас создава нервоза и од храната правите непријател.

Тоа не смее да се случи. Храната треба да биде вашиот најголем пријател, а само со баланс и умереност таа може и тоа да стане. Во оној момент кога ќе одлучите да ја намалите големината на порциите од сето она што го сакате и да не мислите воопшто на тоа, нема ниту да забележите како килограмите исчезнуваат.

4-kako-popularnite-dieti-si-poigruvaat-so-vashiot-organizam-www.kafepauza.mk_

4. Имате чувство дека постојано грешите

Да, денес можеби сте биле добри и сте го почитувале планот на исхрана кој ви е препишан. Но, веќе утредента сте погрешиле и сега се чувствувате многу лошо заради тоа. Се чувствувате помалку вредно и имате чувство дека ништо не ви помага да ги отстраните тие неколку вишок килограми. Тоа ќе доведе до избегнување на социјалните настани заради храната која се служи на нив, а на крај ќе предизвика да верувате дека нечиј туѓ план на исхрана го крои вашиот живот.

Во оној момент кога ќе ја постигнете посакуваната цел ќе се вратите на старите навики, а така ќе се вратат и килограмите. Во сето ова страда само вашиот организам што диетата го шокира и му ја нарушува нормалната работа.

Доколку сте започнале диета, погледнете кои се најчестите грешки што ги правите додека сте на диета.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар