Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?

Калапите за замрзнување вода од кои потоа се прават најразлични форми мраз се херојот во домаќинството за време на летниот период. Но, тие можат да ви се најдат преку целата година во кујната и тоа на најразлични начини. Како?

Вино

Ако не сте го испиле целото шише вино, остатокот претурете го во калапите за мраз и потоа, употребете ги коцките за правење сосови или супи.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?

Кафе и чај

Замрзнете приготвено кафе или чај и добиените коцки мраз употребете ги кога ќе правите ледено кафе или леден чај, без притоа да го разводнувате напитокот со замрзната вода.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?

Замрзнете го лимоновиот сок кој останал во бокалот

Потоа можете да ги употребите овие овошни коцки за да ги додавате во чаеви или во чиста вода.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?

Домашна супа (без фиде)

Извадете неколку коцки од фрижидерот за длабоко замрзнување и понесете ги со себе на работа за да си направите топла супа во микробрановата печка или пак фрлете ги во термос со загреана вода. Одлична идеја за оние кои мора да ги почитуваат правилата на некоја диета.

Уникатно место за чување накит

Вашиот накит секогаш ќе се наоѓа на едно место, плус ќе го избегнете заплеткувањето и нередот.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?

Палета за бои

Креативно нели? Одлично решение за љубителите на сликањето.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?

Замрзнување и чување бебешка храна

Зеленчукот сварете го на пареа, испасирајте го, додадете вода за да ја добиете посакуваната густина и ставете ја смесата во калапите.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?

Замрзнување белки од јајца

Кога ќе наидете на рецепт кој бара да ги употребите само жолчките, едноставно претурете ги белките во калапот за коцки мраз и замрзнете ги за употреба во иднина.

Замрзнати песто коцки

Ставете од преостанатиот песто сос во калапите. Така, наредниот пат може да го искористите во супа, во тестенини или како дресинг за салата.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?

Карамелизиран кромид и печен лук

Испечете го лукот во фолија и карамелизирајте го кромидот. Добиената смеса распоредете ја во калапите за мраз. Така, кога ќе ви требаат овие продукти, само одмрзнете ги и веднаш употребете ги.

Свежи зачини

Свежите магдонос, коријандер, нане или босилек ситно исечкајте ги, завиткајте ги во помалку ќесиња и ставете ги во калапите за коцки мраз. Така тие ќе ја задржат бојата и вкусот до следното одмрзнување.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?

Други практични примени:

  • Одделување и организирање семиња
  • Организирање на витаминските апчиња кои ги пиете во текот на денот
  • Замрзнати коцки доматно пире
  • Калапи за желе
  • Чување штрафчиња и шајчиња
  • Калапи за колачи
  • Мали сладоледи од овошни сокови набодени на дрвени стапчиња

Шик совет: Направете ароматизирани коцки мраз. Како? Многу лесно. Земете ги калапите за мраз. Во секоја вдлабнатина ставете по едно ливче нане. Врз ливчето полијте со доволно вода. Оставете да се замрзне водата. Ете! Сега имате уникатни ароматизирани коцки мраз кои можете да ги пробате со џин-тоник или некој овошен чај.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар