Како побрзо да ви ја снема модрицата?

Ова се три начини кои ќе ви помогнат многу брзо и лесно, без да потрошите многу пари, да си ја излечите модрицата и да можете повторно слободно да се шетате без да се срамите од неа.

Како побрзо да ви ја снема модрицата?

Ананас

Ставете директно врз модрицата парче ананас и после само неколку минути ќе имате можност да ги видите резултатите. Ананасот содржи фермент, кој ја забрзува апсорпцијата на хематомите, па проблемот со модрицата ќе го решите за миг.

Кромид

Исечкајте го кромидот на крукчиња и ставајте по едно крукче директно на модрицата, неколку пати во денот. Резултатите ќе бидат одлични.

Компир

Сварете еден компир заедно со лушпата. Откако ќе го сварите, олупете го и истолчете го, а потоа измешајте го со две лажици мед и две лажици вода. Смесата залепете ја директно врз модрицата.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар