Како од 1 килограм портокали да направите 10 литри сок?

Сокот од портокал е еден од најпопуларните пијалаци во целиот свет. Но, не мора да го купувате, туку можете да го направите и сами. Овој сок е идеален за сите забави и детски родендени. Станува збор за само 3 состојки, а од еден килограм портокали ќе добиете 10 литри сок.

1-kako-od-1-kilogram-portokali-da-napravite-10-litri-sok-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:

  • 1 килограм портокали
  • 1 килограм шеќер
  • 6 грама лимонска киселина
  • 9 литри вода

Начин на подготовка:

Портокалите добро измијте ги и ставете ги во лонец, наполнете ги со вода за да се прекријат и оставете ги да отстојат преку ноќ. Идниот ден фрлете ја водата, а портокалите заедно со кората исечете ги на коцки.

Зовријте 1 литар вода и во неа ставете лимонска киселина и парчињата портокал. Варете од 20 до 30 минути. Тргнете го лонецот од оган и со рачен миксер измешајте ги состојките во лонецот. Оставете течноста малку да се олади и потоа додајте ги и преостанатите 8 литри вода.

Добиениот сок сипете го во чисти стаклени шишиња и уживајте во вкусната напивка.

Дополнителен совет:

  • Ако не сакате многу сладок сок, намалете ја количината на шеќерот, па наместо еден килограм употребете 700 грама шеќер.
  • Ако не сакате парчиња портокал во сокот, исцедете го пред консумирање.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар