Како најлесно да се справите со настинката?

Кога имате настинка, ништо не ви изгледа добро. Кашлањето и кивањето го прават секое едно нешто да изгледа потешко. За да ја надминете оваа непријатна ситуација и повторно да ја вратите енергијата, во продолжение погледнете ги најдобрите 12 начини како да се чувствувате подобро.

12 работи кои треба да ги правите кога имате настинка

1. Пијте повеќе вода. Имајте при рака вода со лимон и нане и пијте од неа. Можеби ќе треба да станувате често за да одите до тоалет, но вие сте дома и треба да се чувствувате слободни, а ова сметајте го како еден вид вежба.

2. Додајте малку јаболков оцет. На една од чашите вода што ќе ги пиете, додајте една лажица јаболков оцет. Нема да биде вкусно, но ќе ви помогне да исчистите дел од слузниците.

3. Спијте повеќе. Бактериите кои предизвикуваат грип и настинки, се присутни насекаде. Вашиот најдобар пријател, покрај редовното и правилно миење на рацете, е спиењето неколку часа повеќе секоја вечер, така што вашето тело ќе биде спремно да се бори со вирусите.

4. Релаксирајте се со некои песни. Уште подобро, наполнете ја кадата со топла вода, запалете неколку свеќи и пуштете ги омилените песни. Пареата дополнително ќе ви помогне да се опуштите.

12 работи кои треба да ги правите кога имате настинка

5. Гледајте филмови. Како да поминете интересно во времето кога сте во кревет? Пуштете си некои филмови кои ќе ве релаксираат, а по можност и да ве насмеат, па ќе се чувствувате многу подобро.

6. Читајте книги. Кога ќе се чувствувате презаситени од филмовите, одморете се со читање некоја книга.

7. Консумирајте супа. Таа ќе ви помогне да ги исчистите грлото и затнатиот нос.

8. Испланирајте патување. Користете го времето поминато во кревет за да ја испланирате вашата следна дестинација за патување откако ќе оздравите.

12 работи кои треба да ги правите кога имате настинка

9. Внесувајте цинк. Иако ова нема да ве заштити од настинка, истражувањата покажале дека цинкот помага за скратување на нејзиното времетраење.

10. Исчистете си го умот. Обидете се да медитирате и да се опуштите. Не само што ќе си помогнете со расположението по сето време поминато во седење и лежење, туку исто така ќе си ја намалите и анксиозноста која сигурно сте ја чувствувале во тој период.

11. Користете навлажнувач за воздухот. Ова нека ви биде најдобриот пријател во времето кога имате настинка. Тоа ќе ви помогне да дишете полесно, а ќе ја направи помека и вашата кожа.

12. Покријте го црвенилото. Откако ќе се чувствувате подобро, ставете малку коректор на црвенилото на лицето, при што ќе сокриете дека сте поминале неколку напорни денови, заглавени во вашиот дом.

12 работи кои треба да ги правите кога имате настинка

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар