Како може Фејсбук да ви ја уништи врската?

Социјалните мрежи лесно ги спојуваат луѓето, но исто така можат и лесно да ги раздвојат. Секојдневно слушаме многу примери за тоа како луѓе се запознаваат преку Фејсбук и се вљубуваат, социјалните мрежи станаа дури и места каде се предлагаат бракови. Но сите тие лајкови, боцкања и коментари можат лесно да им наштетат на вашата врска или брак.

Како може Фејсбук да ви ја уништи врската?

1. Будно следење на профилот – Кај секој заљубен човек има доза на љубомора, и тоа до некаде е нормално. Но социјалните мрежи се експерти за поттикнување на љубомората, па така луѓето се претвораат во будни стражари на профилите на своите партнери. Се следи секоја акција, секој коментар, возвраќање на коментар и секое ново пријателство. Никој не сака љубоморен партнер, секој сака да има слобода и простор да дише.

2. Безначајни лајкови – Лајковите на Фејсбук направија една огромна еуфорија, почна сè и сешто да се мери со лајкови, но не заборавајте дека тоа не е начинот на кој се мери вашата љубов. Ако вашиот партнер „лајкувал“ нешто, значи дека му се допаѓа тоа што е објавено, а не личноста која го објавила. Секој има право да го каже сопственото мислење, да „лајкне“ нешто што му се допаѓа, не кревајте паники веднаш, само оставате впечаток дека сте незрела личност која обраќа премногу внимание на споредни работи во животот. Но од друга страна, кога сте во врска, нема потреба да се „расфрлате“ со лајкови по други профили, особено ако станува збор за слики од згодни момци и девојки, па која е поентата?

3. Размена на лозинки – Кога вашата врска ќе стигне до тој степен да изгубите секаква доверба еден во друг, па да дојде и до размена на лозинки, знајте дека тоа не е начин да ги поправите работите кои ви тргнале надолу. Кажување на лозинките, заеднички профили и мејлови, не се знаци дека многу се сакате, туку напротив, дека не сте сигурни во себе. И покрај тоа што сте во врска, заслужувате да си имате свој живот и приватност.

Како може Фејсбук да ви ја уништи врската?

4. Следење на разговори – Љубомората и опсесивноста не смеат да дојдат до ваков степен. Нема потреба да следите нечии разговори, исто како што и вие не би сакале некој да ве шпионира вас. Доколку го познавате добро човекот со кој сте во врска, значи дека му верувате и го сакате, нема потреба да следите нечии разговори, тоа само ќе ви доведе кавги и неслога, зашто кога-тогаш ќе се дознае.

5. „Средување“ на листата со пријатели – Да му забраните на вашиот партнер да комуницира со некого, само ќе ги влоши работите, и од тоа ништо добро не може да излезе. Напротив, кога на некого ќе му забраниш нешто и ќе му ја одземеш слободата, многу полесно можеш да го изгубиш. Што сте направиле ако ја избришавте згодната девојка од листата на негови пријатели? Зарем не можат да се видат во живо? Ако човекот е склон кон неверства, таков е секогаш и секаде, ништо не можете да решите или забраните преку Фејсбук.

6. Поставување песни и оставање коментари – Кавги во една врска, предизвикани поради Фејсбук, се и оние кога ќе се јави неслога поради постирање песни и оставање коментари. Однесувајте се зрело, ако подолго време не ви постирал песна на ѕид или не ви оставил некаков коментар, не значи дека повеќе не му значите ништо.

Зошто си тагнат на таа слика и која е девојката што стои до тебе? Зошто не ми врати на коментарот и кој е оној со кого си станала пријател? … Сфатете дека Фејсбук е виртуелен свет, различен од оној реалниот, и не е мерило за вашата љубов. Вашата љубов е најдобро да ја негувате далеку од очите на јавноста, бидејќи е еден интимен чин. Сфатете ги социјалните мрежи како места за забава, никогаш не дозволувајте да ви ја уништат врската или да предизвикаат кавги.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Sanja Reply

    Potpolno se slozuvam so statijata!!! Nesvatlivo mi e toa sto se slucuva, so pomladata generacija posebno. Kolku poveke informacii ni se dostapni na site socijalno mrezi, tolku poveke se opteretuvame so se!!! Strasnooooo!!! Kolkava e taa NEsamovodoverba vo partnerot, a posebno vo sebe koga moze eden “like” da go kontrolira zivotot i toa kako sto gledam dosta uspesno, vo negativna smisla!!! Sekoja od tockite vo statijava sama po sebe, barem mene mi zvuci strasno i iskreno se nadevem deka nikogas nema da se pretvoram vo takov covek. Pozdrav do site vakvi(podrzivaci na statijava) ili onakvi 😉

    • mila Reply

      se slozvam so tebe

  2. MrNO Reply

    Jas imam sosema drugo iskustvo od seto navedeno. Lajkovite iako zadskrieni, po 2 godini vo vrska, se pretvorija vo realna situacija so zakazuvanje na fb i izleguvanje i sostanoci vo zivo. Taka da gi podrzuvam onie koi mislat deka ne treba da se neguvaat poznanstva od takov karakter, koi da recam “cekaat” da bidat ostvareni. Sekako deka vrskata ne vredi nisto stom ima takvi situacii, no tokmu tie lajkovi i postirani pesni se pokazatel deka nesto ne e vo red. Zboruvam od sopstveno iskustvo, ne daj boze da mu se sluci na nekoj fejsbuk da mu otkriva nesto sto sam ne moze da go vidi. Sepak, fejsbuk e golemo zlo za edna vrska, ako e sredstvo za razmena na ljubov i “moznosti”.

Остави коментар