Како модерната технологија ја менува љубовта?

Како модерната технологија ја менува љубовта?

Не можеме да одречеме дека технологијата сè повеќе се менува и унапредува и сè повеќе влијае врз нашите животи, некогаш на позитивен, а некогаш и на негативен начин. Но влијанието кое технологијата го има врз љубовните врски и романси не е мало и не може да помине незабележано. Колку нешта се смениле од времето кога вашите родители биле на ваша возраст?

Еве како модерната технологија влијае врз нашата перцепција за романтика и како ги менува љубовта и врските.

Како модерната технологија ја менува љубовта?

Како модерните врски почнуваат?

Статистиката покажува дека во просек 17% од паровите кои ќе стапат во брак во блиска иднина, се запознале онлајн. Сè повеќе зема замав запознавањето на интернет преку социјалните мрежи кои буквално станаа место за наоѓање на совршениот партнер. Сè помалку луѓе се запознаваат при вечерни излегувања, излети со друштво или семејство. Наместо тоа познанствата започнуваат со понуда за пријателство. А не се само социјалните мрежи туку има и куп сајтови кои нудат онлајн-запознавање со вашата „сродна душа“.

Експериментирање наспроти лично искуство

Најчесто паровите кои се запознаваат на интернет веќе прочитале многу еден за друг од податоците кои секоја страна ги остава на своите онлајн-профили. Тоа наголемо ја убива магијата на првиот состанок, бидејќи веќе знаете што да очекувате. И секако, чест е и случајот кога личноста од другата страна на екранот воопшто не е она што се претставува.

Новата технологија ни дозволува на некој начин да експериментираме со љубовта. Да запознаваме нови личности и да шириме познанства, да комуницираме без воопшто да стапиме во контакт лице в лице. Тука се Скајпот и социјалните мрежи кои сè повеќе го ставаат во сенка вистинското искуство.

Дали вистинската романтика е мртва?

Ако некогаш луѓето си пишувале љубовни писма во кои ја отворале душата пред љубениот/та, или пак имале храброст да го кажат тоа лице в лице, денес повторно си испраќаме пораки, само што се во форма на мејлови, СМС или пораки на Фејсбук. За многумина тоа звучи како вистинско убиство на романтиката. Без разлика колку сериозно гледате на тоа, сепак не можеме да одречеме дека ваквата комуникација наголемо ја менува перцепцијата за љубов и романтика.Како модерната технологија ја менува љубовта?

Многу полесно стапувате во контакт со оној кој ви се допаѓа

Наместо да ја гледате згодната девојка од другата страна на барот, обидувајќи се да соберете доволно храброст, сега можете лесно да стапите во контакт со неа преку интернет. Колку е ова позитивно или негативно, останува самите да одлучите.

Се менува нашата перцепција за самите себе

За да му се допаднете некому додека сте пред екранот од својот компјутер, треба да умеете добро да пишувате и да играте со зборови за да го заинтригирате. Во тој случај вие сте послободна и поопуштена личност која би кажала куп работи кои нема храброст да ги каже во живо. Гледајќи си ги сопствените профили и начини на онлајн-комуникација си ја менуваме перцепцијата за самите себе и лесно стануваме нешто што не сме.

Важноста на надворешниот изглед

Сликата е сосема различна од средбата во живо. Личноста е фотографирана во одреден момент и врз она што го гледате влијаат многу фактори како осветленоста, квалитетот на сликата и сл. Во време кога се меѓусебно гледаме преку фотографии и си праќаме сигнали на допаѓање преку „лајкот“, дали умееме вистински да ги согледаме нештата?Како модерната технологија ја менува љубовта?

Како невербалната комуникација влијае на врските?

Кога разговарате со некого преку пораки или онлајн-разговор, колку нешта се менуваат? Не постои интонација, не можете да ја погледнете личноста во очи и вистински да допрете до нечии мисли. Во таквата комуникација не можеме со сигурност да знаеме што другата страна мисли ниту пак да ги протолкуваме насмевките и гестовите.

Имајќи ги сите овие работи предвид, дали технологијата ја менува нашата перцепција за љубовта на позитивен начин или полека, но сигурно ја убива вистинската романтика?



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар