Како мажите проценуваат дали некоја жена ќе биде добра во кревет или не?

Интересен е начинот на кој функционира привлечноста. Некои луѓе едноставно се привлекуваат, додека пак други воопшто не се заинтересирани едни за друг, без навидум очигледна причина. Но, како мажите ги одбираат жените што им се допаѓаат и дали имаат одредени трикови со чија помош откриваат дали се тие добри во кревет пред да имаат секс? Прочитајте во продолжение…

Како мажите проценуваат дали некоја жена ќе биде добра во кревет или не?

Дали на прв поглед можете да погодите колку е добра одредена жена во кревет?

„На прв поглед не. Постојат многу работи што ми паѓаат на памет, но дали е добра во кревет не е една од нив. Претпоставувам дека некои работи би можеле несвесно да ми го одвлечат вниманието, но само со гледање не би можел тоа да го проценам“, вели Иван (29).

„Не. Еве на пример, јас сум претерано згоден, но ужасен сум во кревет“, се шегува Марко (25).

„Не. Чувствата и реакции во сексот се многу важни и тоа не можете да го препознаете со само еден поглед кон девојката. Набљудувањето може да биде доволно да предизвика чувство на привлечност, но и тоа е под знак прашалник“, открива Стефан (34).

„Секако. Според начинот на кој одредена девојка танцува, многу добро можете да претпоставите каква ќе биде таа меѓу чаршафите. Пробајте следен пат и уверете се и самите“, храбро вели Роберт.

Што жената која е добра во кревет кажува или прави непосредно пред сексот?

„Ако е многу директна, ако имаме исти сексуални интереси и говори за сексот на специфичен начин, големи се шансите дека ќе се најдеме на половина пат. Јас не верувам дека постојат добри и лоши луѓе во кревет – сè е до компатибилноста и искуството“, одговара Даниел (26).

„Ако знае да флертува на суптилен начин, ако е искрена за својата сексуалност и искуствата, и најважно од сè ако имала доста партнери претходно со кои научила многу движења“, истакнува Кристијан (35).

„Ништо. Не постои нешто што може да се каже или стори за да ја направи привлечна во моите очи. Но, привлечноста и способностите во креветот немаат никаква врска едно со друго“, објаснува Слободан (29).

Дали бакнежот е добар показател?

„Моите искуства се различни. Се случувало да сум со девојка која одлично се љуби, но во кревет е очајна. Од друга страна пак, со оние кои лошо се бакнуваат, понекогаш целиот однос може да биде многу непријатен“, вели Коста (32).

„Не! Една од моите најдобри љубовници најлошо се бакнуваше“, уверува Александар (33).

„Во поголемиот дел од случаите, девојката што најдобро се бакнува има одредени вештини кои го поддржуваат тој бакнеж“, открива Адам (27).

Какви се вашите искуства?


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар