Како културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?

Како културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?

Вашите родители не ве учеле на добри манири и културно однесување само за да не ги усрамите во јавност. Напротив, со годините доаѓа искуството, па така родителите знаат дека доброто однесување носи многу бенефиции општо во животот, во врските кои ги воспоставуваме со пријателите, но и во романтичните врски. Дали се плашите дека целата магија ќе исчезне по првите месеци од врската? Нема потреба од страв. Погледнете ја врската на вашите родители или земете некој друг пример и анализирајте го нивното однесување. Ќе сфатите дека толку долго се во успешен брак токму поради тоа што внимаваат на своето однесување. Еве како добрите манири помагаат во градењето на стабилна и долготрајна љубовна врска.

Како културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?

Се почитувате еден со друг

Еден од главните проблеми во една врска е кога партнерите ќе изгубат почит еден кон друг. Да речеме дека вашиот партнер на почеток на врската бил прекрасен, внимавал на своето однесување, секогаш бил културен и со добри манири, но како што минувало времето тој заборавал на манирите и почнал да се ослободува пред вас до толку што ги преминал сите граници. Кога едниот партнер ќе почне да прави нешто што на другиот му пречи и одбива да престане со тоа, покажува колку не се грижи и не ги почитува туѓите чувства. Така тој/таа ќе престане да ги раскрева валканите садови или ќе продолжи да ги остава валканите чорапи на земја или ќе се однесува лошо и некултурно пред пријателите на партнерот. Токму тогаш и двете страни престануваат да негуваат почит еден кон друг. Добрите манири носат почит, а со почитта во пакет одат љубовта и разбирањето. Токму затоа оние кои ги знаеме како „невоспитани“ имаат проблеми во своите врски.

Се вреднувате

Кога ќе ви ја отвори вратата од својот автомобил тој покажува дека ве гледа како негова дама, а со тоа што ќе му речете „благодарам“ покажувате дека ги забележувате и вреднувате неговите мали „витешки“ потези. Редовно кажување „те молам“ и „благодарам“ во врската е многу важно. Така покажувате дека го вреднувате вашиот партнер и сè она, дури и најмалите нешта, кои ги прави за вас. Кога ќе речете „извини“ покажувате каење за она што сте го направиле и во никој случај не го земате вашиот партнер здраво за готово туку знаете да го вреднувате она што го имате.

Добрите дела и зборови никогаш не избледуваат

Тешко е да почитувате или сакате некој кој не ве почитува вас, а кога еден од партнерите има лоши манири, нема многу што да се почитува или пак вреднува во врската. Не можете да бидете фини со некој кој е безобразен или бесчувствителен. При лош период во врската, моментите кога еден од партнерите покажал непочитување само ќе го разгорат огнот, но моментите на почит и трпеливост се оние кои ќе ја смират тензијата.

Како културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?

Добрите манири спречуваат ситни кавги

Дали некогаш сте биле сведок на ситни но непријатни кавги кои некои парови ги прават во јавност? Може само да замислите што се случува со нив зад затворени врати ако покажуваат такво непочитување еден за друг во јавност. Ако мажот не знае да ѝ даде комплимент на жената, или жената да го пофали мажот за добрата вечера што ја зготвил, сите тие пропуштени искази на вреднување се пластат еден на друг и често избувнуваат жестоки кавги за мали работи. Никој не сака да се чувствува искористено ниту пак недоволно вреднуван во врската, а токму тоа се случува кога партнерите забораваат да си кажат добри зборови за нешто што едниот го направил за другиот. А без манири, почит и трпение, вакви мали кавги ќе избувнат и во јавност.

Служите како пример за вашите деца

Ако сега немате деца, ќе имате некогаш. Тогаш ќе ги учите на добри манири и културно однесување, но доколку тие не ве гледаат како секојдневно го применувате она на што ги учите, не очекувајте тие да постапуваат така. Со добрите манири и почитта еден кон друг служите како добар пример за другите околу вас, а кога ќе дојде време и за вашите деца. Вистински благодет е да се живее во семејство каде родителите се сакаат и почитуваат и после години минати во брак знаат да си дадат комплимент, да речат „благодарам“ и „извини“.

Ако родителите упатуваат пцовки еден кон друг, не треба да бидат изненадени кога и нивните деца ќе кажат лош збор, ниту пак кога и нивите деца ќе имаат лоши и нестабилни врски. Врската меѓу родителите е првата љубовна врска што децата ја имаат за пример, зошто би им покажале лоша врска наместо да поставите добар пример?

Како културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?

Добрите манири прават да се чувствувате како на почеток на врската

Речиси секој покажува добри манири на почеток од врската, но кога ќе продолжите со таквото однесување вие не дозволувате времето минато заедно да ја уништи вашата љубов ниту почитта која ја имате еден за друг. Кога вашиот дечко ќе ви бакне рака и ќе ви отвори врата, или вашата девојка ќе ви каже убав збор, чувствувате како да сте на почеток на врската и се трудите да ја освоите другата личност.

Вашите семејства ја поддржуваат вашата врска

Не заборавајте дека вашето однесување е набљудувано од страна на вашето семејство и семејството на вашиот партнер. Со културно однесување и добри манири оставате добар впечаток кај вашите семејства и веројатноста е голема дека и од двете страни ќе добиете зелено светло и поддршка.

Како културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?

Посреќни сте

Културата не е стереотипно однесување од 50-тите, ниту пак е преправање пред другите. Оние партнери кои негуваат почит и разбирање и имаат добри манири секогаш се поисполнети и посреќни во врската. Добрите манири во денешно време се речиси истребени, но тоа не значи дека нема такви кои внимаваат на тие мали зборови и постапки во врската. Добрите манири, културните изрази, покажувањето почит, дури и кога никој не ве гледа, ве прави посреќни во друштво на вашиот партнер и поставува стабилни темели за здрава и исполнета врска во иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар