Како е да се љуби повторно по болката предизвикана од скршеното срце?

Како е да се љуби повторно по болката предизвикана од скршеното срце?

„Може да се избега од минатото само ако се појави нешто подобро.“ – Николас Спаркс

Го правите токму она што се очекува од вас, но не чувствувате ништо. Имате изгубено осет. Сте навикнале да се будите празни. Болката се претвора во удобна зона и не знаете како да живеете надвор од неа. Луѓето постојано ви велат дека треба да излегувате и да запознавате нови луѓе, но во секој нов човек што го запознавате го барате минатото и се навраќате на копнежот по личноста која сега постои само во вашите сеќавања.

Како е да се љуби повторно по болката предизвикана од скршеното срце?

Се смеете и се забавувате, но потајно мислите на човекот кој ви го скршил срцето и се прашувате дали ќе се случи тоа повторно и дали воопшто вреди да се трудите. Емоционалното мамење станува реалност кога ви се појавуваат мисли кои не можете да ги контролирате, но би сакале. Личноста со која сте започнале врска ве прави среќни, но постојано посакувате да беше некоја друга на нејзино место и се мразите себеси поради тоа, бидејќи знаете дека не сте фер. Некој ви го дава неговото време и внимание, меѓутоа не можете да возвратите бидејќи не знаете како.

Сакате да му објасните на вашиот сегашен партнер низ што поминувате, но и да му дадете до знаење дека ќе разберете ако не сака да биде повеќе со вас. Сепак, решавате да молчите. Сакате да дадете повеќе, но не знаете дали воопшто имате што да понудите. Поради тоа, давате колку што можете. Знаете дека оваа личност никогаш не ве повредила и ве заслужува само во најдобрата верзија, но сѐ уште се обидувате да стигнете дотаму. Не можете да престанете да мислите на тоа дека еден ден таа личност ќе си замине, па затоа и самите го уништувате односот. Но, мора да сфатите дека овој човек е поразличен, бидејќи не ве остава така лесно без оглед на сѐ.

Се плашите да љубите повторно, затоа што не сакате да бидете повредени повторно. Љубовта ја поврзувате со болката. Меѓутоа, она што не го знаете сѐ уште е дека токму тоа што ве плаши може и да ве излечи.

Како е да се љуби повторно по болката предизвикана од скршеното срце?

Не сакате целосно да ги оттргнете луѓето од себе, па затоа внимателно им ја отворате вратата од вашиот свет, но не си дозволувате да ве совладаат чувствата. Зближувањето со луѓето и започнувањето нови врски бара голема храброст и посветеност. Љубењето по болното раскинување претставува предизвик не само за вас туку и за личноста која е со вас. Новиот партнер треба да биде многу трпелив. Мора да го запознае вашето минато, ако сака да градите заедничка иднина.

Иако новиот партнер не е тој што ве повредил, има одговорност да ви го излечи скршеното срце. Тој треба да ве научи како да се ослободите од болката. Можеби мислите дека немате што да дадете, но оваа личност одеднаш ви го дава сето она што никој друг претходно не ви го дал. Одеднаш некој се однесува со вас онака како што заслужувате.

Конечно ќе научите дека не ве повредила љубовта во минатото, туку нејзиниот недостаток. Но, не можете целата работа да ја препуштите во рацете на сегашниот партнер. Мора да направите напор и да излезете од вашата удобна зона во која владее болката. Време е да го излечите скршеното срце.

Во продолжение прочитајте ги и овие 32 пораки кои ќе ви ја вратат вербата во љубовта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар