Како до совршено тело до почетокот на летото?

Тајната на згодното тело се крие во истрајноста и дисциплината, па за да го постигнете ова потребна ви е вистинска мотивација и искрена желба да ослабете. Здравата исхрана и редовната физичка активност придонесуваат за подобар изглед и здравје, а ќе имате и повеќе енергија и самодоверба. Сè што треба е да бидете спремни за промени и искрено да сакате да си го подобрите квалитетот на живеење. За да си го олесните патот кон телото од соништата, треба да се придржувате кон следниве навики во исхраната.

Како до совршено тело до почетокот на летото?

1. Не пијте пијалаци со шеќер

Слатките сокови само му штетат на вашиот организам и многу придонесуваат за дебелеењето, па затоа обидете се постепено да ги исфрлате од исхраната.

2. Избегнувајте сосови

Иако се многу вкусни и одат во комбинација со голем број грицки и секаков вид храна, сепак содржат огромен број калории.

3. Јадете барем 25 грама влакна дневно

Гравот, продуктите со интегрални житарки, овошјето и зеленчукот, се одлични намирници кои можат да ви ја овозможат потребната дневна доза на влакна, за да бидете сити, да ви се подобри варењето и стомакот да ви биде рамен. Со овие продукти многу лесно ќе симнете неколку килограми, а потоа ќе можете и да ја одржите тежината.

4. Подготвувајте ја вашата храна сами

На овој начин вие ќе ги контролирате употребените состојки и големината на порциите.

5. Одбегнувајте ги овие три нарушувачи на секоја диета

Напад на глад – прво и осново никогаш не си дозволувајте себеси да бидете прегладнети.

Специјални прилики – кога имате прилика да прославите нешто, прославете го, но со умерена доза на храна и пијалак.

Враќање на килограмите – доколку престанете редовно да пазите на исхраната и со вежбањето, сосема нормално е дека ќе вратите неколку од изгубените килограми, но не треба да дозволите ова да ве демотивира.

6. Калоричната храна држете ја подалеку од вас

Најдобар начин да ги одбегнете високо калоричните продукти е воопшто да не ги имате дома, бидејќи на тој начин најлесно ќе им одолеете.

7. Забавете и обрнете внимание

Пред да се нафрлите на храната, најпрво оддалечете се од масата и почекајте барем 15 минути за реално да согледате дали сте навистина гладни или не.

Кога ќе седнете на маса јадете бавно и не дозволувајте компјутерот, телевизорот или весникот да ви го одвлекува вниманието. Така целосно ќе бидете свесни за секој залак.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар