Како до совршено разиграни локни за неколку минути?

Сите жени коишто имаат права коса тежнеат да имаат бујни крупни кадрици или секси бранови за шик фризура како за на плажа. Но, и покрај тоа што во денешно време, освен витлерите и крпчињата, постојат безброј други електронски уреди за виткање коса, сепак ниеден начин не изгледа премногу лесен и брз, за да одговара на потребите на современите зафатени жени. Но, најновиот изум „BaByliss PRO Perfect Curl“ конечно ќе стави крај на овој проблем, со кој ќе направите совршени кадрици за само неколку минути.Како до совршено разиграни локни за неколку минути?За разлика од сите други производи кои се продаваат на пазарот, овој уред работи на различен принцип, со вовлекување на прамени од косата во горниот керамички дел, каде што нежно го држи праменот и го загрева подеднакво од сите страни. Кога ќе го отпуштите зглобот после неколку секунди, ќе добиете совршена разиграна локна.

Како до совршено разиграни локни за неколку минути?

Од компанијата гарантираат дека пресата е совршено безбедна и лесна за користење, а истата доаѓа со упатство за употреба. Косата треба да биде чиста, сува и убаво исчешлана коса, а прамените коишто сакате да ги навиткате не треба да бидат пошироки од 3 см. Со пресата позиционирате точно од која оддалеченост од темето сакате да започнува локната. Праменот треба да го држите за врвовите, и откако ќе ја притиснете пресата го пуштате, за да може убаво да биде вовлечен во главата на „Perfect Curl“.

Како до совршено разиграни локни за неколку минути?

Уредот има три топлински и три временски подесувања од 8, 10 и 12 секунди, па така уредот можете да го прилагодите според типот на вашата коса и според резултатот кој сакате да го постигнете. Па така оние жени со потенко влакно треба да ја користат најниската температура. За поцврсти локни треба да се користи највисоката температура и период од 12 секунди. За брановидна фризура треба да се одбере најниската температура и период од 8 секунди. Доколку се трудите предолго да ги изложувате прамените на топлина, уредот ќе почне силно да свири, предупредувајќи ве дека тоа е штетно за текстурата на вашата коса. Но, доколку правилно го користите, виткање прамен по прамен е исто толку брзо како и вшмукувањето шпагети.

Засега овој интересен уред се продава само во Велика Британија, но се надеваме дека набрзо ќе стане многу популарен, па ќе го донесат и во нашите маркети. Неговата цена изнесува 177 британски фунти (208 евра), што го прави значително поскап од другите преси за коса, но доколку е навистина толку едноставен за употреба како што е прикажано во видеото, вреди за сите пари!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Tea Reply

    https://www.youtube.com/watch?v=yt2txqEriJA
    Еве едно добро ривју.

  2. The Reply

Остави коментар