Како до совршена венчавка?

Автор: Бојана Мандевска

Конечно решивте вашата љубов да ја крунисате со брак. Од моментот кога се одлучивте за венчавка, па сè до големиот ден кога ќе го кажете големото ДА, ви претстојат многу подготовки, желби, очекувања, барања, различни обичаи и адети. А воопшто не е лесно различните вкусови и желби да се спојат во едно.

Како до совршена венчавка?

Најпрво е потребно да одберете и закажете термин за венчавка. Потоа да ја одберете темата на венчавката. Може да одберете традиционална, формална, венчавка по последната мода, сезонска, венчавка како од бајките, венчавка под маски или пак неформална. Друг избор е венчавка во сала или пак на отворено. Изберете го тоа што најмногу ви се допаѓа.

Како до совршена венчавка?

Од кога ќе ја одберете темата на венчавката ќе можете да ја одберете и локацијата на прославата, црква, дали ќе одите во матично или матичар ќе дојде на вашата прослава.

Потоа следи изборот на бурмите. Златни, сребрени, со камчиња или не, гравирани или не. Изборот на бурмата исклучиво зависи од вкусот на младоженците.

Како до совршена венчавка?

Сигурно веќе имате одбрано и кумови, старосвати, деверици. Па изборот на нивните фустани и костуми сигурно ќе сакате да се вклопи со темата на вашата венчавка. При изборот на вашиот венчален фустан можете да одберете и фустани за вашите деверици, а младоженецот да одбере костум или смокинг заедно со кумот и деверот.

Како до совршена венчавка?

Доколку имате и млади младоженци – мала невестичка и младоженец, можете и за нив да одберете фустан и костум.

Како до совршена венчавка?

Исто така многу важен момент е изборот на покани. Потрудете се да бидете единствени и изберете интересни покани. Бидете креативни и со интересна порака соопштете ја веста за вашето венчавање. И секако, поканите за гостите нека бидат тематски вклопени во целата венчавка.

Како до совршена венчавка?

Кога веќе ја имате одбрано темата на свадбата, многу полесно ќе ви биде да ја одберете музиката, декорациите за колата, за домот, бидермаерот, цветните китки, формата и вкусот на невестинската торта и бонбончињата.

Како до совршена венчавка?

И секако она што е најважно за овој прекрасен ден долго да го зачувате свеж, е изборот на добар и квалитетен фотограф и снимател.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар