Како до рамен стомак за само 5 дена?

Искусните британски фитнес-тренери Аманда Урсел и Ники Ватермен направиле одличен план како за само 5 дена да добиете рамен стомак. Темел на оваа рутина се неколку совети, а за сите оние кои ќе се придржуваат до нив, резултатите се загарантирани.

Како до рамен стомак за само 5 дена?

Доколку се чувствувате тешко и надуено, а се грижите како ќе изгледате во новата облека специјално купена за некој настан, вистинско време е да се посветите на создавање здрави прехранбени навики.

Положба и џвакање

Главен фактор е да сте седнати додека јадете и да џвакате пополека со затворена уста. Што подолго трае џвакањето на еден залак, толку помалку ќе јадете.

Избегнувајте сокови и пијалаци

Засладените овошни сокови, засладените минерални води и газираните пијалаци се богати со калории и го дујат стомакот. Затоа практикувајте да пиете само вода кога сте жедни.

Како до рамен стомак за само 5 дена?

Избегнувајте вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи кои содржат сорбитол, манитол и лактитол, се варат во цревата на стомакот каде што голем број бактерии се хранат со нив. Поради тоа абдоменот и цревата создаваат дополнителни гасови кои го отежнуваат варењето на храната. Најдобро е да се користи кафеав шеќер, но во мали количини.

Внимавајте на отпорниот скроб

По правило скробот е лесен за варење, но постои и скроб кој е отпорен на ензимите за варење на храната. Тој не успева да се апсорбира во тенкото црево, па така несварен поминува во дебелото црево. Поради ваквиот скроб, цревата често се дујат. Овој скроб го има во гравот, бананите, оризот, компирот и печурките.

Избегнувајте зеленчук кој дуе

Гравот, кромидот и зелката се дел од намирниците кои најмногу го дујат стомакот. Во деновите кога сакате да изгледате совршено, гледајте да ги избегнете.

Како до рамен стомак за само 5 дена?

Пијте пробиотици

Добрите бактерии од јогуртот, помагаат при варењето на храната да се намали количеството на воздух во цревата, а научниците од универзитетот во Манчестер докажале дека пробиотиците ја намалуваат и надуеноста на стомакот.

Намалете со солта

Стручњаците тврдат дека ограничувањето на количината на сол која ја внесувате во организмот на само 3 грама дневно, може значително да ја намали подуеноста на стомакот. Солта се врзува со водата и со тоа предизвикува подуеност. Најголемиот дел од количеството на сол, луѓето ја внесуваат преку закуски, чипсови, грицки и слично.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. neno Reply

    ova samo na kratok rok, do nedela dena posle tesko da imas ramen stomak bez da imas problemi so stomakot :)

  2. Ангела Reply

    Јадам најчесто станата, брза храна. Не практикувам ништо од ова и пак имам рамен стомак. Hell yeah! 😛

  3. Natali Reply

    ne obrakam vnimani mnogu sto jadam pa pak imam ramen stomak

  4. ms Reply

    ahahaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa

  5. I Reply

    Pishuva shto da ne se jade, a shto vsushnost da se jade osven kafeav sheker i jogurt???

  6. Mr.SmartGuy Reply

    Интересен пост. Баш пред некое време ме интересираше да прочитам која храна создава гасови особено која ги намалува зошто никој совршено не се исхранува па добро би било да знае човек што да јаде за да не е подуен, не го најдов она што го барам тука ама вистина е ова.

    Многу пати ми се случува да се погледнам и да си речам леле колкав ми е стомаков дебел сум мора да намалам малце. Всушност не секој е толку дебел колку што изгледа.

    Пред некое време незнам како, неколку дена по ред ми се погоди стомакот да ми е рамен и не она како кога си гладен па стомакот да ти спадне, си јадев а стомакот го немаше… веројатно ја имав погодено исхраната, а можеби и беше од Coca-Cola-та , ретко купувам ама во веро имаше за 2х2л гратис чаша па си купив, и тие неколку дена си го пиев сокот онака во денот по 2-3 чаши можеби беше од тоа можеби не.Ама и секоја харана не делува исто кај секој организам, па така…

  7. Dragan Reply

    a kakvo skrobno jadenje e dobro?

  8. рибичка Reply

    епа не е баш, до храната мислам, ако јадеш што сакаш, но вежбаш и трошишкалорииредовно и безтоа ти следува рамно стомаче :)

  9. нутри Reply

    Jас сум читала статии и совети од нутриционисти каде што викаат гравот обавезно да го јадат оние кои сакаат да ослабат, затоа што има негативни калории. Тоа значи дека при обработката на тоа јадење, организмот троши повеќе калории, отколку што самиот грав дава. Подуеноста трае 2-3 саати, ама компирот, гравот, оризот (посебно интегралниот) се клучен фактор во здравата исхрана, и не би препорачала да се исфрлат.

Остави коментар