Како до правилен избор на машки фармерки?

Фармерките се едно од најважните парчиња облека во сечиј плакар поради тоа што одговараат на речиси секаква пригода. Многу често се носат, па затоа е многу битно секогаш кога купувате нов пар да не згрешите во изборот. За тоа ќе ви помогнат следните неколку совети.Како до правилен избор на машки фармерки

Размислете за тоа кога и каде ќе ги носите

Во продавниците ќе најдете безброј различни модели, но секој од нив не одговара на секоја прилика. Ако облекувате фармерки само кога излегувате во кафулиња тогаш за вас нема многу ограничувања и можете да се држите до сопствениот стил. Но, ако дрес кодот на вашето работно место дозволува фармерки, а вие сакате да ги носите, тогаш подобро би било да одберете покласичен модел наместо искинати фармерки. Исто така, гледајте вашиот нов пар добро да стои на патики, чевли или чизми, зависно од тоа каде ќе ги носите.
 

Имајте ги предвид безвременските модели

Секогаш имајте ги предвид моделите чиј стил трае низ годините. Широките фармерки, фармерките испрскани со боја од спреј или оние искинати на колената беа модерни пред неколку години, но денес само ви зафаќаат место во плакарот. Убаво е да имате по некој таков пар кога се модерни, но кога купувате подобро е да размислувате за потемен модел кој одговара за секаква прилика или на модел со малку испран изглед за поопуштена варијанта.
 

Најбитно е како ви стојат

Без оглед на тоа колку се убави фармерките, ако не стојат добро на вас ќе направат да изгледате неуредно и смешно. Не смеат да бидат тесни на половината или на нозете, а многу е важно добро да ви стојат на задникот. Секогаш од продавачот прво побарајте ги моделите кои се прави од колената надолу, затоа што тие ќе направат да изгледате поубаво во нив.
 

Задолжително пробајте ги

Секогаш кога купувате фармерки, ги облекувате и правите крукче низ продавницата. Нешто што можеби го занемарувате, а не би требало, е да проверите како ви ги собира рацете во џебовите, дали тие се доволно големи за паричникот, или како е да седите со тој пар фармерки. Исто така, ова е вистинскиот момент и да видите како стојат на вашите патики или чевли.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар